Голот за победа на „сините“ го постигна Цеск Фабрегас во 88.минута. Претходно стрелци на головите за Челзи беа: Џон Тери (22.минута), Цесар Аспиликуета (36) и Мичи Батшуаи (49), додека головите за гостите ги постигнаа: Етиен Капуе (24), Дарил Јанмат (51) и Стефано Окака (74).

Ова беше одложен дуел од 28.коло, а вечерва во рамките на Премиер лигата ќе се одиграат уште два од одложените натпревари: Арсенал – Сандерленд и Манчестер Сити – ВБА (34.коло).

Утре ќе се одигра одложениот дуел од 28.коло Саутемптон – Манчестер Јунајтед, а во четврток е дуелот од 34.коло: Лестер – Тотенхем.

Табела: Челзи 90 бодови (37 натпревари), Тотенхем 80 (36), Ливерпул 73 (37), Манчестер Сити 72 (36), Арсенал 69 (36), Манчестер Јунајтед 65 (36), Еверрон 61 (37),... 

Датум на објава: вторник, 16 мај 2017 во 09:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар