3Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
ТенисЗверев е болен од дијабет, па сепак на Ролан Гарос не му е дозволено да прима инсулин Актуелниот олимписки шампион Александар Зверев го победи Григор Димитров во осминафиналето на Ролан Гарос со 3-0 во сетови за да постави четвртфинална пресметка со Томаш Ечевери.Покрај убедливата и рутинска победа на Германецот со руско потекло, настапот на Зверев привлече внимание и поради конфликтот меѓу тенисерот и организаторите. Во август минатата година Зверев објави дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација за борба против болеста. Тој боледува од дијабетес тип 1 уште од раното детство и сака да биде пример за луѓето кои веќе имаат дијабетес и да ги поддржува децата кои можат да останат здрави со соодветна превенција и активен животен стил. Поради дијагнозата тој често мора да си вбризгува инсулин за време на натпреварите, но организаторите на Ролан Гарос не му го дозволија тоа, односно не му дозволија да си вбризга инсулин на теренот. Зверев сакаше да си даде инјекција за време на паузата меѓу игрите, но судиите го запреа и му рекоа да го напушти теренот за да ја прими инјекцијата. „Тие рекоа дека морам да го напуштам теренот и тоа ќе се брои како пауза. Имам само две паузи во мечот од пет сетови, а понекогаш морам да си вбризгам инсулин четири или пет пати. Тоа би значело дека не се дозволува нешто што е неопходно за моето здравје, мојот живот“, вели вознемирен Зверев. Дури и кога отишол во соблекувалната, проблемите не застанале тука: „Во собата влезе надзорник кој не знаеше за ова, испаничен и рече: „Не, не, не можеш да го правиш тоа. Докторот мора да дојде и да инјектира“. Му реков дека имам дијабетес од својата тригодишна возраст и знам точно што правам. Но, ако не го сторам тоа, мојот живот ќе биде во опасност. Оваа дискусија нема смисла“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена09:11Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
СветМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршенаФранцускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена09:11Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
МакедонијаСДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“. Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого? Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите. Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност. Сè друго - од економија, до европски пат, е целосен неуспех. Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација. Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на часПоради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.На 18.06.2026 во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час. Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена09:11Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58