Зошто се уби ќерката на Ратко Младиќ – мистеријата ја објаснува шпанска писателка во својата книга - Канал 5

Зошто се уби ќерката на Ратко Младиќ – мистеријата ја објаснува шпанска писателка во својата книга

Клара Усон, 52 – годишна писателка од Барселона неодамна го напишала романот „Ќерка од Истокот“, чијшто главен јунак е Ана Младиќ, трагично починатата ќерка на генералот Ратко Младиќ, но како што и самата вели врз основа на биографски податоци, трачеви и претпоставки кои кружеле во врска со овој настан.

Зошто се уби ќерката на Ратко Младиќ – мистеријата ја објаснува шпанска писателка во својата книга
Клара до идејата да го напише романот дошла пред седум години кога во британски Тајмс го прочитала текстот за Ана Младиќ која се убила пролетта 1994 година кога имала 23 години. Згрозена со тој факт таа заклучила дека овој настан ги има сите елементи на грчка трагедија и дека приказната мора да биде раскажана и преточена во книга.

Клара цели три години интензивно собирала материјал, сложувајќи го мозаикот на реалноста и фикцијата. Покрај читателите, книгата брзо освоила и две престижни шпански награди. Клара вели дека ја привлекол ликот на Ана Младиќ бидејќи била привлечна и ведра девојка, еден од најдобрите студенти на Медицинскиот факултет во Белград. Таткото генерал кој нижел победи го обожавала, а тој како негова миленичка лудо ја сакал. Неколку недели пред да почине во март 19994 година Ана заминала во Москва од каде се вратила поинаква, тажна, нерасположена и депртесивна.

Клара Усон, како што пренесуваат српските медиуми, во својот роман сакала да проникне во мистеријата за нејзината смрт. Првата нејзина идеја била да се фокусира на семејната и лична драма на Ана Младиќ, но набрзо и станало јасно дека пишувањето нема да оди толку лесно бидејќи морала прво да го допре крвавиот распад на Југославија, вели авторката.

За време на работата на книгата таа ја контактирала Глорија Блажановиќ, хрватски преведувач, родена во Босна која живее во Шпанија за да и помогне околу пишувањето на книгата.

„Тргнавме жестоко. Глорија одработи лавовски. Ги преведе речиси сите новинарски текстови за завојуваните страни од поранешна Југославија, разни снимки и блогови, па дури и две книги за Ратко Младиќ кои ги напиша Лилјана Булатовиќ, српска новинарка и лична пријателка на Младиќ. Токму низ тие книги дознав драгоцени детали за Ана и за нејзиниот татко“, вели Усон. Комплетните настани, сепак, никој не ги знае бидејќи смртта на Ана ќе остане енигма која таа ја однела со себе в гроб, па наводно, како што вели Клара, дури и Ратко Младиќ лично бил кај некоја гатачка за да ја дознае вистинската причина за трагедијата.

Клара вели дека самоубиството на Ана Младиќ е полно со симболика. Како пример за тоа ја наведува одлуката да се убие со омилениот пиштол на татко и кој во 60-те години од минатиот век Младиќ го добил како подарок на Воената академија како најдобар кадет во класата. Младиќ честопати велел дека од него ќе пука само на прославите за раѓањето на неговите внуци. Ана, која тогаш била девојче, подоцна знаела да каже дека нејзините деца ќе го носат презимето на татко и за тој да може да пука од пиштолот Застава. Клара истакнува дека впечатливо е и тоа што Ана во семејната куќа полна со модерно оружје за својата смрт го одбрала пиштолот со кој требало да се одбележи продолжувањето ан семејната лоза.

„Тој чин е полн со симболика. Како да сакала да му порача на татко и: се убив заради тебе. Ратко Младиќ никогаш не го прифати фактот дека ќерка му извршила самоубиство, повторуваше дека станува збор за убиство, велел дека таа никогаш не би ја земала Заставата бидејќи знаела колку тој пиштол му значи. Меѓутоа, никој не ја знае целата верзија на настаните, затоа ми преостана да романтизирам и да претпоставувам за нејзините причини, тоа и го направив, користејќи биографски податоци, трачеви и претпоставки што за тој настан кружеа низ босанските и српкси медиуми“, објаснува Усон.

Таа продолжува со своето објаснување, дека Ратко Младиќ всушност имал две лица – едно на татко полн со љубов, верен маж и чесен човек, што било неговото светло лице. Другото, темно лице на Младиќ, според зборовите на Клара било прекриено со сенка, која наводно неговата ќерка не ја познавала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Управниот одбор на „Нвидија“ објави денеска дека Џенсен Хуанг, кој поднесе оставка од компанијата на 12 ноември, ќе биде повторно назначен за нејзин извршен директор.

Голем пресврт: Нвидија повторно го именуваше Џенсен Хуанг за извршен директор

Одлуката стапува на сила веднаш, се вели во соопштението на компанијата, објави NBC News.

„Управниот одбор едногласно гласаше за повторно назначување на г-дин Хуанг по серија дискусии и состаноци со него, за време на кои одборот беше задоволен од интегритетот и способноста на г-дин Хуанг да ја води „Нвидија“. Шокантниот потег ги зголеми акциите на „Нвидија“ за 30 проценти, помагајќи му на индексот S&P 500 да се отвори за речиси четири проценти.

Порано денес беше објавено дека Алис Хуанг, жената за која се тврди дека имала афера со Џенсен, била во контакт и со кинески разузнавачки службеник.

Контактот се случил додека таа била во врска со поранешниот шеф на „Нвидија“, изјавија за ABC News извори запознаени со информациите што американските разузнавачки агенции ги собрале за случајот.

Таа била во контакт со службено лице од Министерството за државна безбедност на Кина од пролетта 2025 година до есента оваа година, велат изворите.

Се шпекулираше за враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Нвидија“, особено откако група вработени, како и милијардерот Илон Маск, испратија писмо до одборот на директори барајќи тој да се врати во компанијата. Сепак, компанијата соопшти дека тоа нема да се случи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности, но тие не се подготовка за предвремени избори, уверува премиерот Христијан Мицкоски. 

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Тој повтори дека следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а неговиот мандат како претседател на владата завршува за нешто повеќе од една година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .

Од денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона.

Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер