Зошто Русите ставиле “куче во цевка“ пред српскиот претседател? (видео) - Канал 5

Зошто Русите ставиле “куче во цевка“ пред српскиот претседател? (видео)

Руските научници пред српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во посета на Москва, ставија куче во цевка полна со течност.

Зошто Русите ставиле “куче во цевка“ пред српскиот претседател? (видео)
Вучиќ се сретнал со потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин задолжен за индустријата на вооружување, кој во таа прилика му покажал неколку изуми на српскиот претседател, меѓу кои и „течноста која може да се дише“.

Кучето јазовец беше ставено во резервоар со течност која не содржи азот, а потоа тоа беше извадено живо и здраво.

Станува збор за течност која би требало да ги елиминира условите за настанување на кесонска (декомпресиона) болест на пример при спасување на морнари од потоната подморница. Освен тоа, течноста може да се користи кај предвремено родени деца, како и кај луѓе чии органи за дишење биле повредени во пожар.

Но се наведува дека таа течност може да ја користат само обучени луѓе, затоа што веднаш проработува инстинктот на самоодбрана, грчеви го блокираат грлото и телото почнува да се спротиставува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. 

Исламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација

Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења.

„Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер