Зошто немаше остра осуда и за скрнавењето на поменот на ОМО Илинден на паметникот на Јане? - Канал 5

Зошто немаше остра осуда и за скрнавењето на поменот на ОМО Илинден на паметникот на Јане?

Постојат ли можеби двојни стандарди кај нашите власти кога Бугарија е во прашање? За бугарската страна немаме дилеми- тие имаат само еден стандард - преточен во нивните ирационални барања, кое се далеку од европските цивилизациски нормативи.

Зошто немаше остра осуда и за скрнавењето на поменот на ОМО Илинден на паметникот на Јане?

Денешниот чин на опожарување на портата на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“, ( Михајлов е исторски докажан колаборатор на фашистите од Втората светска војна ) , кој се случи баш дента кога почна посетата на бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска е акт кој мора да се осуди од сите политички чинители и од Бугарија и од Македонија.
Тоа и се случи, и чинам како да постоеше еден вид на фото финиш кој побрзо и подлабоко ќе го осуди опожарувањето на вратата на симболот на културата на Бугарите во Македонија.

Но, драги македонски политички лидери, почнувајќи од вас Претседателе Пендаровски, Премиере Ковачевски, Министри во владата на Македонија, драга опозицијо на чело со Мицкоски...потсетете не и нас и јавноста - дали вака ревносно реагиравте кога еден македонски Бугарин, по име Виктор Канзуров кој често има навредлив вокабулар спрема Македонците и нашето минато, го скрнавеше гробот на Јане Сандански, гордоста на Македонија и Македонците ширум светот, и најважно - име кое е дел од нашата ХИМНА?

Да ве потсетиме, овој лик ги фрли во контејнер венците оставени на паметникот на Јане Сандански, и заедно со веројатно својата партнерка ги газеше истите помен обележја оставено од страна на здружението на Македонците во Бугарија - ОМО Илинден.
Со тој чин направи повреда на чл.25 од Уставот на Македонија каде на секој граѓанин му е загарантирана почитување и заштита на достоинството и угледот на секој граѓанин на Македонија, како и чл. 56 од Уставот на Македонија во кој „Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на македонскиот народ и на националностите“.
Зошто во овој и уште дузина други случаи кога се вршеа дејствија на навреди, драги наши политички лидери не реагиравте соодветно?
Треба ли јавноста и медиумите постојано да ве потсетуваат дека вие сте наши претставници во сите сфери на домашното нои надворешното политичко битисување?
За крај, објаснете и на почитуваната министерка Генчовска дека опожарување не може да биде говор на омраза, како што не е говор на омраза историскиот факт нотиран во нашите и многу европски историски учебници и документи кои ги обработуваат темите од Втората светска војна меѓу кои и улогата на Бугарија во истата која е нотирана и во Парискиот мировен договор од 10ти Февруари 1947 год, каде Бугарија е третирана како губитничка земја , членка на Хитлеровата оска.
Како медиуми очекуваме ургентно да се пронајдат оние кои го уништиле објектот на македонските Бугари во Битола и истите да бидат санкционирани, но очекуваме и реакции за вакви и слични моменти кои се директна повреда на правата на македонските граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извозот на украинско жито опадна за третина поради руските напади

Украина изгуби околу една третина од својот капацитет за извоз на жито преку своите клучни пристаништа на Црното Море поради интензивираните руски ракетни и беспилотни летала напади, соопшти главниот синдикат на земјоделци во земјата.

Извозот на украинско жито опадна за третина поради руските напади

Повеќе од четири години по почетокот на војната со Русија, извозот на земјоделски производи, како што се житото и растителните масла, останува најголемиот извор на заработка од девизи на Украина, при што повеќе од 90 проценти од суровините се испорачуваат преку три пристаништа во јужниот регион Одеса.

Според договорот што им овозможи на двете земји да транспортираат жито преку Црното Море, пристаништата во Одеса обработуваат околу шест милиони тони товар месечно. Но, и Москва и Киев сега ги засилуваат нападите врз клучните извори на приходи. Украинските сили ја напаѓаат руската енергетска инфраструктура, вклучително и танкерите за нафта, додека Русија ги засили нападите врз пристаништата на Црното Море во последните недели.

„Русија почна систематски да ја таргетира пристанишната инфраструктура, терминалите и целиот логистички синџир за транспорт, постојано користејќи балистички ракети“, соопшти трговскиот оддел на Украинскиот сојуз на земјоделци (УАК) во неделниот извештај објавен вчера.

„Во просек, сега можеме да испорачуваме околу четири милиони тони жито месечно“, се додава во извештајот. Во последните сезони, Украина учествуваше со околу шест проценти во глобалниот извоз на пченица и околу единаесет проценти во глобалниот извоз на пченка, што значи дека нарушувањата, доколку продолжат, би можеле сериозно да влијаат на глобалните пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање.

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи.

Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде неоснован страв кај граѓаните.

Вистината е сосема поинаква.

Со предложениот нацрт-ДУП вкупната бруто изградена површина изнесува 29.459 м², додека претходните плански решенија предвидувале 43.429 м². Тоа значи дека новиот план предвидува 14.000 м² помалку изградена површина, односно намалување од околу 33 проценти во однос на претходните ДУП-ови.

Оттука, тврдењата за „нова бетонизација“ не само што не се точни, туку се целосно спротивни на фактите.

Особено загрижува што ЗНАМ демонстрира елементарно непознавање на хиерархијата на урбанистичкото планирање.

Деталниот урбанистички план мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, а единствената институција која ја утврдува таа усогласеност е Град Скопје, кој во законската постапка дава свое мислење.

Доволно е да се направи едноставна пресметка. Постојните објекти во опфатот имаат бруто изградена површина од околу 16.000 м², што недвосмислено покажува дека планот е целосно во рамките на параметрите утврдени со Генералниот урбанистички план.

Доколку имаа направено ваква основна анализа пред да излезат во јавност, ќе им беше јасно дека тврдењата за неусогласеност со ГУП немаат никаква фактичка основа.

Дополнително, ова е работна верзија – нацрт-план, кој по завршувањето на јавната анкета повторно ќе биде доставен на мислење до сите надлежни институции, токму како што предвидува Законот за урбанистичко планирање. Дури по завршувањето на целата законска постапка може да стане конечен план.

Неосновани се и обвинувањата за ерозија и свлечишта. За ваквите тврдења не е приложен ниту еден официјален документ, стручна анализа или мислење од надлежна институција.

Наместо факти, повторно се пласираат шпекулации и се шири страв меѓу граѓаните.

Да потсетиме, при изработката и донесувањето на Генералниот урбанистички план, врз основа на кој се изработуваат сите детални урбанистички планови, се спроведуваат низа стручни анализи, геолошки, геомеханички и други експертски испитувања со кои се утврдуваат зоните погодни за градба. Токму тие стручни документи, а не политичките квалификации, претставуваат основа за урбанистичкото планирање.

Подеднакво несериозно е и тврдењето дека Деталниот урбанистички план се носи во интерес на поединци. ДУП не се изработува за една парцела или за еден инвеститор, туку претставува плански документ со кој се уредува просторот во интерес на сите граѓани – инфраструктурата, јавните површини, зеленилото, сообраќајот и условите за квалитетен живот.

Доколку навистина имате дилеми, професионалниот и одговорен пристап е одговорите да ги побарате од надлежните институции, а не преку политички конструкции и паушални оценки.

Очигледно, повторно покажувате непознавање на постапката за усогласување на нацрт-ДУП со ГУП, па затоа ве упатуваме да се обратите до единствената релевантна институција во оваа постапка – Град Скопје. Таму ќе ги добиете сите факти и стручни образложенија. Наместо да ја доведувате јавноста во заблуда, покажете елементарна одговорност и информирајте се пред да пласирате неточни тврдења.

Општина Центар ќе продолжи транспарентно да ја води постапката, целосно почитувајќи ги законските процедури, мислењата на сите надлежни институции и јавниот интерес, а не политичките манипулации и обидите за собирање дневнополитички поени.

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мик Џегер открива зошто никогаш не го запознал Елвис Присли

Мик Џегер откри дека сè уште жали за одлуката што ја донел во младоста - никогаш не го запознал Елвис Присли.

Мик Џегер открива зошто никогаш не го запознал Елвис Присли

Фронтменот на „Ролинг Стоунс“ зборуваше за тоа во епизодата од подкастот „Conan O'Brien Needs a Friend“, каде што призна дека од средбата со музичката легенда го разубедил, никој друг освен Џон Ленон. Водителот Конан О'Брајан не го криеше своето изненадување од неговото признание. „За мене е неверојатно“, рече тој, пренесе „Ентертејнмент Викли“.

Совет на Ленон за кој сè уште жали денес

Џегер рече дека Ленон го советувал никогаш да не го сретне својот музички идол. „Да сум на твое место, Мик, не би го запознал Елвис“, се присети тој. Го прифатил советот, но сега мисли дека направил грешка. „Тоа беше навистина глупаво од мене, навистина. Жалам што не го запознав Елвис. Зошто воопшто го прифатив советот на Џон?!“, рече тој.

Тој објасни дека Ленон постојано го раскажувал своето искуство од средбата со Елвис Присли во 1965 година, што го оставило разочаран. Затоа Џегер одлучил да ја зачува идеализираната слика за својот музички модел. „Сакав да го задржам мојот Елвис за себе, мојата верзија на Елвис. Не сакав мојата слика за него да биде разнесена како онаа на Џон, но којзнае, можеби моето искуство ќе беше поинакво“, сподели тој.

YouTube video

Ривалството беше и прашање на пи ар

За време на интервјуто, Џегер се осврна и на долгогодишните приказни за соперништвото меѓу Ролинг Стоунс и Битлси. Додека се појавуваше во „Sunday Sitdown With Willie Geist“, тој призна дека имало одредена конкуренција меѓу бендовите, но верува дека медиумите ја преувеличувале целата приказна.

„Мислам дека имаше вистина во тоа. Но, имаше и пи ар. Плус, беше Лондон наспроти Ливерпул, нешто како Лос Анџелес наспроти Њујорк. Очигледно беше добра приказна за медиумите“, рече тој.

Дека денес нема спорови меѓу членовите на двата легендарни бенда покажува и нивната соработка во последните години. Пол Мекартни се појави како гостин во песната „Bite My Head Off“ од албумот „Hackney Diamonds“, а учествуваше и во песната „Foreign Tongues“, потврдувајќи дека приказните за големо соперништво одамна станаа дел од музичката историја.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер