Зошто некои луѓе никогаш немале интимни односи? - Канал 5

Зошто некои луѓе никогаш немале интимни односи?

Зoшто некои лица никогаш немале интимни односи? 

Зошто некои луѓе никогаш немале интимни односи?

Ова е прашањето на кое еден меѓународен истражувачки тим се надеваше дека ќе одговори во најголемата досега студија од ваков вид. Авторите, кои ја објавиле својата студија во списанието PNAS, откриле дека невиноста во подоцнежниот живот е резултат на сложена мешавина од психолошки, социјални и генетски фактори.

„Романтичните и сексуалните врски често се важна социјална поддршка. Нивното отсуство е поврзано со осаменост, анксиозност, депресивни чувства и намалена благосостојба кај многумина“,вели коавторката Лаура Веселдијк од Институтот Макс Планк за емпириска естетика (MPIEA) во Франкфурт, Германија.

Истражувачкиот тим, кој вклучувал научници од Холандија и Австралија, анализирал податоци од ппреку 400.000 луѓе во Велика Британија на возраст од 39 до 73 години. Околу 1 процент од испитаниците рекле дека никогаш немале интимен однос.

Што имаат заедничко луѓето без сексуално искуство?

Оваа група во просек била подобро образована, но исто така и поосамена, поанксиозна и помалку среќна од оние кои имале сексуални односи, објави MPIEA. Истражувачите, исто така, откриле дека доживотната невиност е почеста во области со поголема нееднаквост во приходите.

Кај мажите, физичките карактеристики, исто така, играле улога: Мажите кои никогаш немале интимен однос честопати биле со поситна градба. Тие, исто така, имале тенденција да живеат во региони со помал број на жени.

Околу 15% разликата во доживотната невиност може да се објасни со генетските фактори. Коавторот Абдел Абделауи од Универзитетот во Амстердам објаснува: „Највпечатливо е совпаѓањето на генетските фактори поврзани со интелигенцијата, образованието и невролошко развојните нарушувања, како што е аутизмот“.

Студијата, исто така, открила дека луѓето кои никогаш немале секс ретко консумирале алкохол или дрога и често носеле очила во младоста. „Тука гледаме група луѓе кои се посклони да бидат социјално повлечени и затоа имаат поголема веројатност да имаат тешкотии во пронаоѓањето партнер“, коментирал коавторот Брендан Зич од Универзитетот во Квинсленд во Австралија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

ДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. 

ДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗ

Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот.

-Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа.

Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна.

-Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска.

Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање.

АД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехника

За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката.

Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“.

„Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи.

Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри.

„Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска.

Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.

НБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и Тетово

Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари.

Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика.

Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски.

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер