Зошто мора да се уништи прстенот на папата Франциск по неговата смрт? - Канал 5

Зошто мора да се уништи прстенот на папата Франциск по неговата смрт?

Ватикан, во согласност со вековната традиција, ќе го уништи прстенот на папата Франциско - познат како прстен на рибарот - по неговата смрт на 88-годишна возраст.

Зошто мора да се уништи прстенот на папата Франциск по неговата смрт?

Овој чин симболично го означува крајот на еден понтификат и има длабоки корени во историјата на Католичката црква.

Ритуал во ѕидините на Ватикан

Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите симболи на папската облека, го носи името на Свети Петар, кој, според католичката традиција, бил рибар и прв папа.

Низ вековите, служел и како печат за официјалните папски документи.

За да се спречи фалсификување, практиката налага прстенот, заедно со официјалниот печат, да биде уништен или барем оштетен по смртта на поглаварот на Католичката црква.

Се очекува овој ритуал да го изврши актуелниот камерлењо, кардиналот Кевин Џозеф Фарел пред почетокот на конклавата, во ѕидините на Ватикан, јавува Си-Ен-Ен.

Кога го носеше прстенот?

Папата Франциск носеше рибарски прстен за време на свечените церемонии. Во секојдневниот живот користел едноставен сребрен прстен од неговото време како кардинал.

Интересно е што истиот прстен некогаш му припаѓал на надбискупот Пасквал Маки, поранешен секретар на папата Павле VI.

Во склад со својата скромност, папата Франциско реши да не прави нов прстен, туку го носеше „наследениот“.

Промени во дизајнот

Рибарскиот прстен се менувал низ вековите. Повеќето го прикажуваат Свети Петар со клучевите на Светата столица - симбол на моментот кога му биле доверени „портите на рајот“, но дизајнот не е строго пропишан.

Често ги одразувал модните трендови од тоа време или личниот стил на сегашниот папа.

И покрај промените во дизајнот и употребата низ вековите, симболиката на уништувањето на прстенот останува иста - го означува крајот на папската власт и го отвора патот за избор на нов духовен водач на Католичката црква.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер