СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
2СДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамЗошто „Ford“ се откажа од евтини модели: Извршниот директор отворено зборува за поразот од „Toyota“ и „Hyundai“Компанијата денес продава помалку автомобили отколку пред една деценија, но со поголема добивка по возило.Форд е во процес на тивка, но длабока трансформација. Покрај големиот пресврт во своите планови за електрични возила, компанијата се откажа и од децениската битка во сегментот на прифатливи масовно произведени автомобили. Наместо тоа, „Ford“ се фокусира на таканаречените „емоционални производи“ - модели како „Mustang“ и „Bronco“, кои играат на носталгија, авантура и перформанси, заедно со силна понуда на пикап камионети. Според извршниот директор Џим Фарли, причината е едноставна: Форд повеќе не можеше да се натпреварува по цена со брендови како „Toyota“ и „Hyundai“. Во интервју за аргентинскиот весник „La Nación“, Фарли призна дека обидот да се натпреварува со јапонските и корејските производители со модели како „Fiesta“ и „Focus“ беше вредно искуство, но финансиски неодржливо. Трошоците за производство беа едноставно превисоки за да се натпреваруваат на пазарот, а компанијата мораше да ја промени својата стратегија. Форд долго време сакаше да биде производител на целосна линија, следејќи ја филозофијата на „Model T“, но без јасна предност во трошоците, таков пристап се покажа како закана за профитабилноста. Како резултат на тоа, сличен модел на реструктуирање беше имплементиран во САД, како и на други пазари. Во последниве години, Форд прекина со производство на голем број класични модели, вклучувајќи ги „Fusion“ (познат во Европа како „Mondeo“), „Taurus“, „Edge“ и, неодамна, „Escape“. Иако ова доведе до помал обем на продажба, финансиските резултати се подобрија. Компанијата сега продава помалку автомобили отколку пред една деценија, но со поголема заработка по возило. Фокусот сега е на модели со високи перформанси со силен имиџ, како што се „Mustang GTD“, „Bronco Raptor“ и „F-150 Raptor R“ - автомобили за кои Форд верува дека ќе донесат поголем профит и посилна емоционална врска со клиентите. Извор: Б92Тагови: Toyota Ford Hyundai Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нискиот и уличарски речник на СДС – доказ дека талогот е целосно поразенНискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството.СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап. За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Покачување на пензиите 16 пати, трета економија во Европа, прва по туризам… во која бајка живее Мицкоски?Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе пред камери и ја вклучи машината за бајки.Овој пат пензиите му пораснале „16 пати“ повеќе отколку во времето на СДСМ, а граѓаните наводно живееле подобро отколку пред три години. 16 пати. Не процент. Пати. Како да зборува за казино, не за држава. А со оглед дека Државната лотарија веќе му е приватна каса, речникот му е логичен. Оттаму излегоа 5,5 милиони евра за прослава на независноста и концерт на Дејвид Гета, откако истиот човек претходно рече „нула денари“. Нема провизии од Лотарија, вели. Ги нема затоа што повеќе не се кријат. Сега се викаат спонзорство, дивиденда и патриотизам. Македонија кај него е економски тигар. Само народот тоа уште не го видел на сметката. Затоа арамијата Мицкоски не го мери животот на граѓаните со паричник и фрижидер. Го мери со табла, како Вучиќ: црта стрелки нагоре, додека дома сметките одат нaгоре. Веќе сме „меѓу првите“ во туризам и авиосообраќај, „трети“ по економија во Европа. Тоа го нема во животот на граѓанинот. Тоа го има само на неговата табла. Едно прво место не го кажува: први сме по срам поради него и по најниска плата во Европа - повторно поради него. Реалната состојба е сосема спротивна од бајките на Мицкоски. Во касата нема пари за достоинствени пензии, па се задолжуваат од недела на недела. Парите се топат во криминални тендери и во спектакли. Дупката во ПИОМ зема замав. Вториот столб повеќе не е сигурност на работникот, туку резерва од која ВМРО-ОКГ сака да се нахрани - да ги одземе заштедите на граѓаните и да ги претвори во крпење на сопствениот дефицит. Со пензиите си играат, а најранливите ги држат во страв. Класична десничарска банда: крупниот капитал се штити, сиромаштијата се украсува со бројки. Ова не е економија. Ова е пропаганда на организирана криминална група која државата ја води како сопствен штанд, статистиката како рекламен постер, а Лотаријата како благајна за журки. Пензионерот не живее во кабинетот на арамијата Мицкоски. Пензионерот живее во продавница, во аптека, на сметка за струја и во редици пред шалтер. А таму нема 16 пати ништо - освен повисоки цени. Таму има поскап живот и евтина лага. Ако навистина се живее подобро, зошто шефот на бандата мора секој втор ден да го објаснува тоа со калкулатор и фломастер? Луѓето што јадат не им треба предавање. Им треба намалување на цените, не бајка за пензии и диџеи платени од народна каса. ВМРО-ОКГ го прави класичниот трик: укради го буџетот, укради ја Лотаријата, потоа укради ја и бројката. Земи ја пензијата како ПР-алатка. Фрли ја вината на СДСМ. Прогласи победа. И барај аплауз затоа што граѓанинот добил парче од тоа што претходно му го зеле. Нема 16 пати поголем раст. Има 16 пати поголем цинизам. Нема подобар живот од пред три години. Има само режија на лагата. Нема трета економија во Европа. Има прва банда на власт. СДСМ нема да се расправа со бајките на Мицкоски, ќе ја расчисти маглата, затоа што граѓаните ја знаат вистината. Граѓаните не гладуваат затоа што немале консултант. Гладуваат затоа што ВМРО-ОКГ ја претвори државата во плен, Лотаријата во касичка, а премиерот во раскажувач на бајки. Кога арамијата вели дека тече мед и млеко, проверете му ги џебовите. Медот е кај него. Сметката е кај народот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќиеВо текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter