Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
2Серафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
3ДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабости
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
АвтомобилизамЗошто е лошо да се вози на резерва?И покрај употребата на филтер за гориво, честичките од нечистотија што се таложат во горивото може да се вшмукаат кога ќе се исцрпат последните залихи бо резервоарот.Цените на горивата се високи, а буџетите на домаќинствата се намалуваат. Многумина тактизираат со точењето гориво, чекајќи го последниот момент и често одат подалеку од тоа, возат на резерва, со вклучена светилка, речиси до последната капка гориво. Колку тоа ја оштетува колата? На оваа тема се пишуваше многу, а еве што велат експертите. „Апсолутно треба да избегнувате возење со речиси празен резервоар. Ова може да доведе до скапо оштетување на системот за вбризгување гориво“, предупредува Ханс-Улрих Сандер, експерт за моторни возила во германската организација „TÜV“. Кај постарите возила, работењето со минимална количина гориво и исклучувањето на моторот поради исцрпување и последната капка гориво често резултираше со оштетување на системот за гориво. Дефектот на пумпата за гориво не беше невообичаен, објаснува експертот за возила Торстен Хесе од „TÜV“. Исклучувањето на моторот поради недостаток на гориво може дури и да резултира со дефект на моторот. Кај постарите дизели со механичко вбризгување, возењето на резерва е релативно безболно. Кај овие мотори, има рачно испуштање на воздух од системот со помош на рачна пумпа во моторниот простор. Современите мотори повеќе не се толку ранливи откако резервоарот ќе се испразни, тврдат производителите. Сепак, експертите советуваат да не се троши целосно резервата. И покрај употребата на филтер за гориво, честичките од нечистотија што се таложат во горивото може да се вшмукаат кога ќе се исцрпи и последното снабдување од резервоарот. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаДизелот поскапе за 5,5 денари – дали владините мерки ќе го спречат ценовниот шок? Намаленото ДДВ на дизелот ќе го ублажи ценовниот шок, но нема целосно да го реши проблемот со високите цени на горивата, оценува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски. По новото поскапување на дизелот од 5,5 денари, тој посочува дека просторот за дополнителни интервенции на државата е ограничен, а доколку се носат нови мерки смета дека тие треба да бидат временски ограничени и насочени кон најпогодените граѓани и сектори. Поссочува дека секоја нова интервенција да се прави врз основа на темелни анализи на трошоците и ефектите, со цел да не се создеаде потреба од нови дополнителни задолжувања. - Секако дека овие намалувања во делот на ДДВ-то ќе помогнат во ублажувањето на овој ценовен шок, меѓутоа клучно е дека едноставно треба да се види каква е состојбата со буџетот, кои се расположливите средства и доколку се планираат мерки, тие мерки треба да имаат пред сè времен карактер. Затоа што на долг рок повторно цената ќе треба да ја платат граѓаните, заради тоа што мерките ќе треба да се финансираат од некакво задолжување или од средства коишто во моментот доколку ги нема државата, ќе треба да се обезбедуваат преку зголемување на долгот.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии Миноски предупредува доколку надворешниот ценовен шок потрае, ефектите нема да останат само на бензинските пумпи. Повисоките трошоци за енергенси веќе се прелеваат и врз храната, превозот и комуналните услуги..Иако Македонија не може да произведува нафта и нафтени деривати, вели дека постои можност да се намали зависноста од увоз, во обласите каде што има услови за сопствено производство... -Македонија треба да размислува на обезбедување на сопствената енергетска независност и независност во поглед на производство на храна. Ние не можеме да произведуваме нафта и нафтени деривати, меѓутоа она што можеме да го произведуваме треба да настојуваме да станеме самодоволни во оние сегменти кај што реално имаме предуслови тоа да го правиме. На тој начин се обезбедува и суверенитетот и независноста на државата и се отвораат перспективи за ублажување на овие екстерни шокови.- Кирил Миноски – поранашен министер за финансии Заменик-министерот за економија Марјан Ристески пак, споредувајќи ги цените со земјите од регионот, посочува дека Македонија и натаму има најниски цени на горивата. Ристески вели дека додека бензинот 95-ка во Грција се продава за 129, а во Албанија за 126, кај нас чини 99 денари за литар...Посочува и дека дизелот кај нас чини 104,5 денари, во Албанија дури 40% повеќе или 147 денари. Според него, ваквата разлика е резултат на владините мерки за намалување на ДДВ-то и акцизите. Министерката за енергетика Сања Божиновска, вчера нагласи дека доколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски – Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделствотоМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер и регионалниот советник за земјоделство, Александре Мартинез.На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, со посебен акцент на размената на искуства и знаења, особено во делот на европските интеграции и усогласувањето со европските стандарди и практики. Посебно внимание беше посветено на можностите за поголемо присуство на македонските земјоделски и прехранбени компании и изложувачи на француските саеми, со цел промоција на македонските производи, отворање нови пазари и воспоставување нови деловни партнерства. Министерот Серафимовски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдија заедничката заложба за продолжување на конструктивниот дијалог и развивање конкретни иницијативи од заемен интерес, насочени кон модернизација, поголема конкурентност и меѓународна промоција на македонското земјоделство, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗР: Македонија не е подготвена за катастрофи, недостигаат 200 пожарникари, опремата е застрена, системот со слабостиСистемот за заштита и спасување во Македонија функционира претежно реактивно. Наместо да правовремено да превенираат, институциите ресурсите ги активираат откако кризите ќе се случат. Ова е еден од клучните наоди во извештајот на Државниот завод за ревизија, кој открива сериозни слабости во планирањето, координацијата, опремата и финансирањето. По рекордниот број пожари, но и штети од над 130 милиони евра во последните години, ревизорите повторно укажуваат на недостиг од луѓе. Особено загрижува состојбата со воздушните сили за гаснење пожари. Недостигот од пилоти, како и проблемите со логистиката и набавките ја намалува способнота на државата веднаш да реагира во катастрофи но и пожари. Во 2024 година во земјава според ДЗР биле регистрирани над 97.000 хектари опожарена површина, што е најмногу во последнава деценија. -Податоците на ЈП „Национални шуми“, наведени во анализата во периодот од 2023 до 2025 година изгореле 82.714 хектари шума и 914.657 кубни метри дрвна маса. Вкупната штета се проценува на речиси 134 милиони евра, од кои над 83 милиони евра се само од пожарите во 2024 година. Документот нотира слабости и кај Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Службата која покрива подрачје со речиси 617.000 жители, располага со само 172 пожарникари од предвидени 384. Тоа значи дека скопската противпожарна бригада практично функционира со помалку од половина од предвидениот кадар. „Канал 5“ за ова побара став од првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Во телефонски разговор Ангелов уверува дека најголемиот дел од слабостите нотирани од ДЗР се веќе значително подобрени. Посочува дека ова лето „ер тракторите“ навреме биле сервисирани и ставени во функција, зголемен е бројот на противпожарни возила, а со законските измени е поедноставено и командувањето при итни интервенции. Инаку, за надминување на слабостите, ДЗР во своите заклучоци во извештајот бара реформа на целиот систем – нова Национална стратегија, јасни правила, стабилно финансирање, повеќе капацитети и поефикасен мониторинг и надзор. Целта е како што наведуваат ревизорите, системот да стане интегриран и функционален и да реагира пред да се случи евентуална катастрофа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook