Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци - Канал 5

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, судири со полицијата...

Во Франција синоќа, за време на протестите низ целата земја, приведени се 296 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Видео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, судири со полицијата...

Според Министерството, на демонстрациите учествувале околу 320.000 луѓе, додека организаторите проценуваат дека бројката достигнала речиси 500.000.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во Париз се собрале околу 70.000 демонстранти, додека младинските синдикати тврдат дека во главниот град протестирале околу 200.000 луѓе, пренесува телевизијата БФМ (BFM TV).

Демонстрациите, кои претставуваат трет бран на социјална мобилизација во последните три недели, првично беа мирни, но доцна попладнето дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови, меѓу кои Париз, Лион, Марсеј, Бордо, Лил и Нант.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека радикални групи во неколку градови се обиделе да навлезат во градските центри за да предизвикаат немири, вандализам и грабежи, но полициските сили ги спречиле во тоа.

Во Париз во близина на Порт де Шарантон, дошло до судири при што маскирани демонстранти фрлале предмети кон полицијата, а биле забележани и запаливи направи.

Полицијата одговорила со солзавец, а интервенирала и единицита за разбивање демонстрации.

Во Марсеј, според проценките на префектурата, се собрале до 10.000 луѓе, а откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон полицијата, безбедносните сили употребиле сила за да ги растераат групите што предизвикуваа немири.

Во Лион, според податоците на префектурата, протестирале 19.000 луѓе, додека во Бордо полицијата изброила 11.000 демонстранти. Сепак, според проценките на синдикатите, во Бордо на улиците излегле околу 70.000 луѓе. Во Тулон, во протестот учествуваа околу 1.000 луѓе, при што осум лица биле приведени, додека во Ница, демонстрациите со околу 4.200 учесници завршиле без посериозни инциденти.

Француските власти го оцениле синоќешните собир како настан со висок безбедносен ризик, поради што низ целата земја беа распоредени околу 70.000 полицајци и жандарми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер