Зошто дебелината е голем товар за целиот организам, а особено за срцето - Канал 5

Зошто дебелината е голем товар за целиот организам, а особено за срцето

Прекумерната телесна тежина е сложена медицинска состојба која ги оптоварува виталните органи, првенствено срцето. 

Зошто дебелината е голем товар за целиот организам, а особено за срцето

Дебелината клинички се дефинира како прекумерно натрупување масти во телото што може да доведе до штетни здравствени последици. Срцето е пумпа која клетките во телото ги снабдува со крв. Кога телесната тежина се зголемува, срцето мора да работи понапорно за истата количина крв да ја достави до ткивата. Кога ова оптоварување трае долго време, срцевиот мускул се задебелува и се намалува ефикасноста на целиот кардиоваскуларен систем.

Дебелината, воспаленијата и срцето

Врската помеѓу дебелината и срцевите проблеми често се поврзува со воспалителни процеси во телото. Лекарите велат дека масното ткиво не е само складиште на енергија, туку и биолошки активен орган што лачи хормони и воспалителни супстанции. Кај дебелите луѓе, овие супстанции можат да предизвикаат хронично воспаление во крвните садови. Таквото воспаление го поттикнува формирањето на плаки во артериите и доведува до атеросклероза, состојба што е една од главните причини за срцеви и мозочни удари.

Како вишокот килограми влијае на срцето?

Вишокот килограми и здравјето на срцето се поврзани на два начини:

Висок крвен притисок - Вишокот масно ткиво ја зголемува потребата на организмот за кислород и хранливи материи, па срцето мора да пумпа повеќе крв од вообичаено. Сето тоа создава дополнителен притисок на артериите, а зголемениот крвен притисок претставува голем ризик – фактор за развој на срцева слабост.

Дебелината го зголемува нивото на „лошиот холестерол“ (LDL) и триглицеридите, а го намалува нивото на „добар холестерол“ (HDL). Ваквиот дисбаланс доведува до формирање наслаги во артериите и стеснување на крвните садови.

Инсулинска резистенција- Вишокот килограми доведува до развој на дијабетес тип 2. Покачениот шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови кои ја контролираат работата на срцето. Лицата со дијабетес имаат речиси двапати поголем ризик од развој на срцеви болести.

Опструктивна апнеа во сон – Честите прекини во дишењето во текот на ноќта предизвикуиваат пад на нивото на кислород, при што се зголемува крвниот притисок и се оптоварува кардиоваскуларниот систем.

Како да го сочувате здравјето на срцето и да го прекинете маѓепсаниот круг?

Дури и мало намалување на килограмите значајно може да го подобри здравјето на срцето. На пример, намалување на телесната тежина го снижува крвниот притисок за 5-10%, го намалува нивото на холестерол и го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

Редовна физичка активност – Вежбањето од 15-30 минути повеќе денови во неделата го зајакнува срцето и ја одржува здравата тежина.

Исхрана богата со хранливи материи – Храна богата со влакна, немасни извори на протеини, здрави масти, со намалено внесување на преработен шеќер и заситени масти.

Лечењето на срцевите проблеми не подразбира само терапија со лекови туку сеопфатен пристап кој се занимава со причините за болеста. Ова подразбира прецизна дијагностика, мултидисциплинарен пристап, превентивни програми и минимално инванзивни процедури кои овозможуваат брзо закрепнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер