ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
2ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
БалканЗоран Милановиќ: Босна и Херцеговина не функционира и затоа треба да влезе во ЕУПретседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја коментираше ситуацијата со мигрантската криза на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина и рече дека проблемите се предизвикани, пред сè, од нефункционалноста на властите во Босна и Херцеговина.Кога станува збор за проблемите со мигрантите кои се протегаат од Словенија се до Босна и Херцеговина, Милановиќ рече дека неговиот став по ова прашање е добро познат. „Поминаа осум години од најголемиот мигрантски бран. Мојот став тогаш им беше познат на сите и би го повторил, но нема да се навраќам на тоа сега. Во меѓувреме почна да се злоупотребува и проблемот е како Босна и Херцеговина го спроведува тоа. На Словенија нема што да и се забележи. Нашата полиција прави што може и повеќе од тоа не смее.Ја чува државната граница.Нема Европа без граници“, рече Милановиќ, пренесува Кликс. Потоа се осврна на ситуацијата во Босна и Херцеговина во контекст на контролата на миграцијата. - Босна и Херцеговина е проблем бидејќи не функционира. Единствениот начин да се реши е БиХ што поскоро да се интегрира во Европската Унија. Се третира како колонија и пациент на апарати. Не и даваат да дише. Ајде да се обидеме подлабоко да ја интегрираме во нашиот систем. Тоа е важно за Хрватска бидејќи Босна и Херцеговина е во „стомакот“ на Хрватска, а не е Хрватска, истакнува Милановиќ. На крајот, Милановиќ го спореди моменталниот статус на БиХ со Украина. - Ако Украина може да биде кандидат, БиХ веќе требаше да биде во Европската Унија. Има многу Хрвати кои живеат таму. Целата земја нема повеќе од 2.600.000 луѓе. ЕУ не може да го свари тоа и да ја вклучи во својот систем? Да видите како би се смениле работите и ќе има помалку мигранти. Тоа е сосема можно - Босна и Херцеговина во ЕУ за една година. Кого тоа би загрозило?, заклучи Милановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter