Зоолошките градини во Скопје и Битола потпишаа меморандум за соработка со министерството за животна средина - Канал 5

Зоолошките градини во Скопје и Битола потпишаа меморандум за соработка со министерството за животна средина

Зоолошките градини во Скопје и Битола потпишаа меморандум за соработка со Министерството за животна средина на меѓународниот ден на биодиверзитетот со цел модернизација и усогласување со европските стандарди.

Зоолошките градини во Скопје и Битола потпишаа меморандум за соработка со министерството за животна средина

Иако не се објавени деталите од меморандумот, соработката треба да отвори можност за инвестиции и реконструкции за подобри услови во зоолошките градини.

Министерот Муамет Хоџа вели дека овој меморандум ќе значи долгорочна поддршка на зоолошките градини. Директорката на скопската зоолошка порача дека природата не се наследува од предците, туку се позајмува од идните генерации и затоа е должност да се чува и штити еко-системот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно пожар во штипско: Огнот зафатил и три викендички - повредено едно лице

Едно лице е повредено и во пожар кој попладнево избувнал во штипско. Зафатени биле сува трева и грмушки, но и неколку викендички, а повредено лице е сопственик на една од викенд-куќите.

Повторно пожар во штипско: Огнот зафатил и три викендички -  повредено едно лице

Пожарот како што информираше директорот на дирекцијата за заштита и спасување во моментот е изгаснат и бил во непосредна близна на местото каде и вечра имаше огнена стихија. При гаснењето на огнената стихија интервенирал еден авион на дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарникари од околните општини и од доброволното противпожарно друштво во Штип. Агелов заедно со градоначалникот на Штип Иван Јорданов го посетиле повреденото лице, кое во моментот е во болница во штип со изгореници, но е во стабилна состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажа дека за СДС македонскиот јазик е само тема за прес-конференции и политички маркетинг, а не за вистинска работа.

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

Додека таа патуваше низ светот со државни пари, наместо да ја врши својата основна пратеничка работа во Собранието, Министерството за култура и туризам во рамките на своите законски ингеренции работеше конкретно и системски. Резултатите се видливи, и покрај сите административни и процедурални пречки што ги остави претходната власт.

Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 година токму со поддршка на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а не со ентузијазам од СДС. По сите неопходни собраниски процедури, во јули 2025 година започна со работа Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик – прв ваков орган во историјата на државата. Помалку од една година подоцна, веќе тече постапката за вработување на петмина инспектори по македонски јазик, кои ќе поминат и соодветна обука за лиценцирање.

Во тек е прибирањето на детални податоци од сите државни органи за вработените лектори и степенот на почитување на Законот, по што Инспекторатот ќе преземе конкретни мерки. Формирана е и работната група за Националната стратегија за македонскиот јазик, која активно работи.

Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, наместо да ја барате надзорната расправа со ургенции и театар, подобро беше да останевте во Скопје и да ја вршевте својата работа. Тогаш можеби надзорната расправа ќе беше одржана уште во март, кога ја најавивте. Очигледно, патувањата беа поважни.

Македонскиот јазик не е „политичка битка“ како што велите, тој е државна и национална обврска. Ние ја работиме таа обврска сериозно и институционално, а не со прес-конференции и обвинувања.

Резултатите доаѓаат преку работа, а не преку патувања и политички спектакли.Време е за вистински национален став, а не за партиски игри и лицемерие.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка сообраќајка кај Кавадарци – двајца загинати, еден тешко повреден

Тешка сообраќајна несреќа во која животото го загубија две лица се случила поладне на експерсниот пат Градско-Прилеп.

Тешка сообраќајка кај Кавадарци – двајца загинати, еден тешко повреден

Од МВР за канал 5 информираат дека сообраќајката се случила помеѓу две патнички возила после исклучокот за Кавадарци, а била пријавена во ОВР Кавадарци нешто по 13 часот и 30 минути.

„Од екипа на итна медицинска помош кавадарци на местото била констатирана смрт кај возачот и сопатничка во едното возило, а во општа болница Кавадарци кај возачот од другото возило 37-годипен прилепчанец биле констатирани тешки телесни повреди. пренесен е во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје“, информират од МВР.

Во моментот увид на местото врши јавен обвинител од ОВР Кавадарци. сообраќајот е во прекин и е пренасочен по регионалниот пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер