Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија - Канал 5

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во Хрватска. 

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Иако мала по површина, има неверојатно богати содржини и е вистинско уживање за посетителите. Датира од далечната 1925 година, се наоѓа на јужниот дел на Максимир и се простира на површина од седум хектари заедно со езерото, а 5,5 хектари е површината на копнениот дел. Во текот на годините, ЗОО Загреб се модернизира, а преку паметно искористување на ЕУ фондовите, стана вистинска успешна приказна.

„Ако имаш идеја, имаш се“ – ова е паролата која треба да важи за ЗОО Загреб, која е вистински пример за тоа како неверојатните идеи можат да се претворат во реалност, преку паметно искористување на ЕУ фондовите. ЗОО Загреб успеа да направи вистинско чудо – во рамки на Зоолошката градина изграден е објект за рехабилитација на ретки диви животни, има своевиден еко систем, едукативни центри, лаборатории, зачувување на редок вид речна желка, засолништа за птици, простор наменет за згрижување кучиња...

Заменик-директорката на ЗОО Загреб Даворка Маљковиќ, за МИА вели дека во претпристапниот период на Хрватска во ЕУ, во ЗОО Загреб се занимавале со активности кои подоцна им овозможиле да се пријавуваат за користење на ЕУ фондовите, како решавање на сопственост на земјиштето, легализација на сите објекти...

Понатаму, вели таа, изработиле програма на Установата за наредните десет години и комуникација со Градот Загреб, за ставање на нивните планови во развојните планови на Градот Загреб, како и изработка на проектна документација.

-Првата фаза на модернизација на ЗОО Загреб со ЕУ-кофинансирани проекти е реализирана од 2014 до 2016 година. Вредноста на проектот е 5 милиони евра и целокупниот буџет е искористен на просторот на Зоолошката градина. Со овој проект сакавме да го зајакнеме туристичкиот потенцијал на Градот Загреб, едукативниот потенцијал на Зоолошката градина и да воспоставиме поефикасно работење на Установата, изјави Маљковиќ за МИА.

Таа појаснува дека со овој проект се изградени и опремени нови објекти – Куќичка за африкански птици, живеалиште за далматински пеликани, Дарвинов и Рибарев мост, центар РОВ (ресторан, место за одмор, видиковец), Едукативен центар со мултифункционен плоштад, Источен влез, објект за сувенири со живеалиште за животни од Мадагаскар.

-Ставена е во функција централна котлара, при што како извор на енергија се користат пелети и е обезбеден енергетски ефикасен состав на греење. Од инфраструктурата обновена е северната и дел од јужната ограда на ЗОО. Ставена е во функција и Инфо куќичката за посетителите, уреден е островот на лебедите, а конзерваторски се уредени и Лавјиот мост со статуите на лавови и е изградена реплика на статута на Неаполскиот рибар, вели Маљковиќ и додава дека овој проект го подигнал квалитетот на просторот, квалитетот на сместување на животните, подобрување на квалитетот на понуда за посетителите и условите за работа на вработените.

Со оглед дека еден од најважните елементи на работа на ЗОО градините е заштита на животната средина, Маљковиќ посочува дека се воведени нови ИТ технологии наменети за едукација, но и современи технолошки решенија помалку штетни за околината, како собирање дождовница за испирање на тоалетни чворови, зелени покриви и зелен ѕид, биофилтер за прочистување вода во базенот на африканските птици, соларни панели за загревање на вода.

-Позитивната слика која се изгради со проектот се однесува на почитување на сите стандарди и критериуми врзани со држење на диви животни во зоолошки градини, спроведување интензивна едукација на граѓаните за заштита на природата и животните, но и промовирање на вредностите на одржливиот развој, нагласува таа за МИА.

Вториот проект со кој се измени сликата на ЗОО Загреб, а кофинансиран од ЕУ фондови, е „Градски прозорци во природата – Модернизација 2“, што се одвивал од октомври 2018 до февруари 2023.

Со проектот вреден 4,6 милиони евра, од кои ЗОО Загреб искористил 1,85 милиони евра, се изградени - Интерпретациски центар на заштитена фауна на Хрватска (живеалиште за мечки со едукациски центар), приказ на водни живеалишта (живеалиште за дабари), поставка на микросвет на шумата на Максимир (постојана поставка со лабораторија), изградени се два пешачки моста и уредено и исчистено Првото максимирско езеро.

-Изградени се бројни едукативни материјали, печатени брошури и книги... Една од специфичностите на проектот е дел од вработените на ЈУ „Максимир“ и Установата ЗОО Загреб поминаа основен курс за знаковен јазик со цел подигнување на можноста за комуникација на лицата со оштетен слух, вели Маљковиќ за МИА.

Со проектот пак, „Рехабилитација на диви животни“, кофинансиран исто така од ЕУ фондови во вредност од три милиони евра, се гради нов објект внатре во ЗОО Загреб (Засолниште во Думовац) со летна куќичка која помага при оспособување на птиците за враќање во природата.

-Во приземниот дел се гради и се уредува простор наменет за згрижување кучиња – поединечно држење и нов простор за изолација. Вкупно ќе има 42 одвоени простори. Ваквиот објект служи за згрижување на напуштени и изгубени кучиња, кучиња кои се предмет на разни постапки (судски, инспекциски...) и оние кои се одземени од физички и правни лица при разни интервенции на бројни служби (комунални редари, МВР, центри за социјална работа...), вели Маљковиќ.

Додава дека во склоп на зградата ќе бидат ставени во функција следните содржини: изолација за кучиња (поголем број боксови), простор за подготовка на храна, простор за пружање ветеринарска грижа со лекови и друго.

-На првиот кат се сместени простории на самата рехабилитација со која се унапредува составот на згрижување на диви животни. Од регионите на цела Хрватска ќе се згрижуваат строго заштитени видови, како и видови од илегален прекуграничен транспорт. Исто така, од просторот на Градот Загреб ќе се згрижуваат и сите останати диви видови животни на кои им е потребна помош, појаснува таа.

На највисокиот дел на објектот се поставуваат фотоволтаици („сончева електрана“) со јачина од 38,43 KW за производство на електрична енергија, со цел придонес кон заштита на природата и околината со користење обновливи извори на енергија.

Со проектот е набавена ветеринарна опрема, опрема и возило за служба за заловување, ИТ опрема и опрема за означување на животните кои се враќаат во природата. Исто така се одвива и едукација на работниците.

ЗОО Загреб придонесува и за зачувување на реткиот вид желка, во рамки на проектот „Life for Mauremys – Речна желка - зачувување на оклопни видови медитерански и влажни живеалишта во Дубровачко-неретванската жупанија“, проект од 2,1 милиони евра, од кои 60 отсто кофинансиран од ЕУ фондовите (1,2 милиони евра).

-Речната желка спаѓа меѓу најзагрозените влекачи во овој дел на Европа. Во Хрватска каде што е строго заштитен вид, распространетоста и е ограничена на јужниот дел на земјата. Иако речната желка населува широк распон на слатководни живеалишта, со неодамнешното истражување е забележан драстичен пад на бројноста на популацијата во споредба со податоците од 80-те години на минатиот век, вели Маљковиќ.

Во рамки на проектот LIFE for Mauremys ќе се подобри квалитетот на живеалиштата на речната желка. Најкритична е популацијата на речната желка во Стонско поле, при што таа ќе се обиде да зајакне.

Во Зоолошката градина на Градот Загреб ќе се воспостави и имплементира програма за размножување за овие желки, а ќе се изгради и уреди посебен простор и ќе се направат посебни протоколи. Младенчињата, изведени во Загреб, ќе бидат пуштени во обновено и осигурано живеалиште на речна желка во Дубровачко-неретванската жупанија. Вкупно е предвидено во природа да се пуштат 40 младенчиња. Во изработка е и анимиран филм за важноста на зачувување на речната желка.

Кога заминувавме од загрепската Зоолошка градина, воодушевени од уреденоста и хармонијата на целиот тој микросвет, пријателски не испратија кафената мечка, црвената панда и веселата фока.

Текст и Фото: Неда Димова Прокиќ /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи.

Нашата определба останува јасна, доследно исполнување на преземените обврски, забрзување на реформските процеси и создавање поефикасни институции, посилен систем и подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Џони Деп ќе добие хонорар од пет милиони долари за неговата улога во новиот филм „Ебенезер“, што е значително помалку од сумата што ја заработувал во Холивуд. 

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Извор близок до продукцијата тврди дека актерот се согласил на таков договор затоа што верува во проектот и сака да има удел во сопственоста на филмот.

„Тој се согласил на креативниот договор затоа што се грижи за проектот и сакал да обезбеди значителен дел од заработката. Не станува збор за потенцијален бонус, туку за фактичко сопствеништво на филмот“, рече изворот.

„Ебенезер“ е нова адаптација на познатото дело на Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“. Се претставува како потемна, готска верзија на приказната и ќе биде режирана од Ти Вест, позната по хорор филмовите „X“, „Pearl“ и „MaXXXine“.

Некогаш заработувал толку многу што Форбс го прогласил за најпреплатениот актер

Деп некогаш беше меѓу најплатените холивудски актери, но списанието Форбс во 2015 и 2016 година го прогласи за најпреплатениот. Причината беше разликата помеѓу неговите хонорари и заработката на филмовите во кои глумеше.

YouTube video

Според анализата на Форбс, филмот од 2016 година „Алиса низ огледалото“ заработи само 2,80 долари на кино благајните за секој долар што му беше платен на Деп.

Уште во 2011 година, актерот отворено зборуваше за големите суми што ги добил за улогата на капетанот Џек Спероу. Потоа призна за „Венити фер“ дека прифаќа такви пари поради своите деца, ќерката Лили-Роуз (27) и синот Џек (24), кои ги има со поранешната партнерка Ванеса Паради.

„Ако се подготвени да ми платат толку луда сума пари, секако дека ќе ги земам. Морам. Гледате, тоа не е за мене. Го правам тоа за моите деца во овој момент. Звучи смешно, но на крајот на денот, тоа не е за мене. Тоа е за нив“, рече тој во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во „Nvidia“ бараат враќање на Џенсен Хуанг по скандалот

Некои вработени во „Nvidia“ бараат коосновачот и поранешен извршен директор, Џенсен Хуанг, да се врати на чело на компанијата, откако тој поднесе оставка среде скандал поврзан со вонбрачни афери.

Вработени во „Nvidia“ бараат враќање на Џенсен Хуанг по скандалот

Според „Wired“, кои имале увид во внатрешната комуникација, една објава на интерната мрежа – во која се повикува Управниот одбор да го земе предвид мислењето на вработените – собрала повеќе од 1.600 коментари, од кои повеќето го поддржуваат неговото враќање.

Објавата била напишана од долгогодишен инженер во „Nvidia“ уште пред оставката на Хуанг, со барање до Управниот одбор да ги сослуша вработените пред да донесе одлука. По неговото заминување, почнале да пристигнуваат пораки за поддршка и повици тој да се врати на чело на компанијата.

Вработените бараат да му се даде втора шанса

Еден од вработените изјавил дека Хуанг треба да биде вратен доколку компанијата сè уште верува во својата мисија, додека друг напишал дека сите луѓе прават грешки и дека Хуанг, со оглед на сè што направил за „Nvidia“, заслужува втора шанса. Еден вработен отишол и чекор понатаму, испраќајќи е-порака до сите колеги во која побарал транспарентност околу заминувањето на Хуанг.

„Застанувам зад Џенсен. Не затоа што верувам дека некој е безгрешен, туку затоа што одбивам да прифатам дека борбата за правда значи дистанцирање од човекот чие лидерство ни значеше толку многу“, напишал тој.

Според „Wired“, некои вработени биле изненадени од оставката на Хуанг, бидејќи очекувале Управниот одбор прво да спроведе внатрешна истрага. Еден вработен тврди дека постои значителна поддршка за враќањето на Хуанг и изразува загриженост дека компанијата би можела да се соочи со сериозни проблеми без својот основач. Од „Nvidia“ и од новиот претседател на Управниот одбор, Харви Џонс, немаше одговор на барањата за коментар од страна на „Wired“.

Хуанг заминува по откритијата за вонбрачни афери

Да потсетиме, Хуанг поднесе оставка откако се појавија информации за негови вонбрачни афери – вклучително и врска со жена за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека има врски со кинеското разузнавање.

На 8 ноември, Хуанг призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, иако не го откри идентитетот на жената за која станува збор. Подоцна се појавија детали за врска со една од жените на раководни позиции во „Nvidia“, а Ројтерс извести и за трета наводна афера со вработена во компанијата. Хуанг не ги коментираше овие дополнителни обвинувања.

Управниот одбор покрена истрага за да утврди дали Хуанг можеби бил цел на операција на странска разузнавачка служба. Досега, „Nvidia“ нема изнесено докази дека деловните тајни на компанијата или националната безбедност на САД биле загрозени.

Колет Крес го презема привременото раководство на „Nvidia“

По заминувањето на Хуанг, долгогодишната финансиска директорка Колет Крес – која е дел од компанијата уште од 2013 година – го презеде привременото раководство на „Nvidia“. Таа одигра значајна улога во растот на компанијата и нејзината трансформација во еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција.

Крес ќе раководи со „Nvidia“ сè додека Управниот одбор не пронајде траен наследник на Хуанг, кој беше еден од основачите на компанијата во 1993 година и ја водеше повеќе од три децении. Оставката на Хуанг предизвика голема неизвесност меѓу инвеститорите и вработените. Од почетокот на скандалот, „Nvidia“ изгуби околу еден трилион долари од својата пазарна вредност.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер