Зомимак постигна победа на гостувањето во Прилеп

Ракометарите на Зомимак ја потврдија фавористката улога и вечерва на првиот натпревар од 5.коло од ракометниот плеј оф како гости остварија победа над Прилеп со 36:30 (20:14). Разликата од шест голови беше и најчестата во текот на дуелот. Ова беше трет триумф на екипата од Струмица во плеј офот. Најефикасен на натпреварот беше Реваз Чантурија со 14 голови.

Утре од оваа рунда се игра дуелот меѓу Металург и Тинекс Пролет, додека во недела ќе играат Радовиш и Вардар.

Табела: Вардар 12 бода, Металург 9, Зомимак 9, Тинекс Пролет 6, Радовиш 3, Прилеп 0.

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

 Во првиот натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига немаше победник, во Лондон Вест Хем и Ливерпул одиграа 2-2.

Мохамед Салах во игра влезе дури во 79. минута од натпреварот. Непосредно пред да влезе на теренот, египетскиот фудбалер влезе во вербална расправија со тренерот Јирген Клоп, веројатно незадоволен што доби шанса на крајот за да го „спаси денот“.

На последните четири првенствени натпревари Ливерпул забележа само една победа, со едно реми и два порази и е сè подалеку од шампионската титула,

Арсенал води на табелата со 77 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер сити со бод помалку и натпревар помалку. Ливерпул остана третопласиран со 75 бодови од 35 натпревари.

Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград

Двајца работници се повредени денеска, од кои едно потешко, во пожар во фабрика за погонски системи за ракети „Еде про“ во Лештани кај Белград, јави Радио-телевизија на Србија (РТС).

Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“.

Засега не се знае степенот на повредите.

Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, при што загинаа двајца работници, а 16 други беа повредени.

Во експлозија во ноември 2008 година, три лица беа повредени, од кои едно потешко, а две полесно.

Потоа експлодираше смесата за полнење против градежна ракета, покривот на објектот беше урнат, а околни објакти беа оштетени.

Компанијата се занимава со производство на делови за ракети, ракетни турбомотори и гориво.

„Еде про“ се занимава со истражување, развој, производство, трговија и модернизација на сегашно оружје и одбранбена опрема, но и за цивилни потреби.

Истрагата е во тек.

Рома и Лацио заинтересирани за Матип

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип би можел да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува денеска весникот Кориере дело Спорт.

Според изворот, за услугите на 32-годишниот Камерунец се заинтересирани градските ривали Рома и Лацио.

Матип би можел да ја смени клупската средина ова лето.

Сезонава Матип одигра 14 натпревари за Ливерпул.

притисни ентер