РецептиЗОЛЕНИКРецепт на: Бранко ПопоскиПотребни состојки: 1 кг. пченкарно брашно, 3 лажици бело пченично брашно, 2 страка праз, 2 јајца, малку масло, малку сол и 1 пакетче пециво. Постапка: Во подлабок сад со пченкарно брашно се става 3 лажици бело пченично брашно и добро се промешува. Потоа се подготвува филот од 2 страка праз и 2 јајца Во тава со масло се пропржува сечкан праз, се додаваат две јајца и се зачинува со сол по вкус. Додека се пропржува празот со јајцата, во плехот се налева масло. Со рака се „золе“ од смесата со пченкарно и пченично брашно. Одозгора брашното се натопува со вода со сол и пециво. Потоа пак се „золе“ со брашно и се натопува со солената вода. Се попрскува со масло и повторно се „золе“ брашно. Потоа се става од филот со праз и јајца и повторно се „золе“ брашно. Се налева солена вода, се попрскува со масло и се додава преостанатиот фил. Филот се покрива со брашно, се попрскува со масло и се остава да отстои околу 15 минути. Се пече во загреана рерна околу 30 минути на 250 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше меѓу присутните на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Милан и Лече (3–0). Џери Кардинале, првиот човек на „росонерите“, беше домаќин на белоруската тенисерка. Клубот од Милано ѝ подари дрес со нејзиното име и бројот 1. Таа исто така имаше можност да се запознае со тренерот на Милан, Рубен Аморим. Како една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис, оваа посебна гостинка на „Сан Сиро“ привлече големо внимание на трибините. Медиумите пренесуваат дека Арина носела луксузен ѓердан од американскиот бренд „Material Good“, чиј официјален амбасадор е таа. Ако се земат предвид и алките и часовниците што ги носела, вкупната вредност на накитот и другите модни додатоци надминува 100.000 евра. Тагови: Арина Сабаленка Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизнисиНа министерката Сања Божиновска многу ѝ се зборува за рубини. И таа како и Мицкоски се фокусира на националните богатства. Операцијата за распродажба на Македонија, водата, земјата, рудите е главен фокус на Мицкоски и кримналната банда. Македонија не е на распродажба а граѓаните кои стравуваат за сметките за струја чекаат Божиновска да проговори за „Руднап“, бизнис-мрежата на Мицкоски и новата зделка од 13,2 милиони евра за броила за српската фирма „METER&CONTROL“ . Божиновска е клучниот линк во оваа мрежа, била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа. „Руднап“ била во сопственичката структира, партнер е и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Затоа Божиновска е поставена за министерка. Се е бизнис за Мицкоски. Граѓаните чекаат одговори! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАларм поради подморница од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дноАларм поради подморницата од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно, а никој не се осмелува да ја извлече.Норвешките власти се соочуваат со сериозен проблем на морското дно – од потонатата нацистичка подморница „У-864“ (U-864), која завршила на дното пред повеќе од 80 години, истекуваат дури 67 тони токсична жива, а експертите предупредуваат дека обидот за нејзино извлекување би можел да предизвика уште поголема еколошка катастрофа. Станува збор за германска подморница од типот IXD2, со ознака „У-864“, која била погодена со торпедо од британската подморница „ХМС Венчурер“ (HMS Venturer) во близина на островот Федје на 9 февруари 1945 година. Оттогаш, остатоците од подморницата лежат на длабочина од 149 метри, каде што нејзините 'рѓосани челични резервоари полека испуштаат отровна течна жива. Поради сè почестите повици за извлекување на подморницата со цел да се заштитат морскиот свет и локалната рибарска индустрија, Норвешката управа за крајбрежје во јуни испрати роботско возило до местото на потонувањето за да ја процени состојбата на терен. Резултатите се загрижувачки, од 22-та резервоари извадени за анализа, дури 80 проценти активно испуштале жива во морското дно, пренесува Večernji.hr. Врз основа на тие наоди, во извештајот објавен претходно овој месец се заклучува дека остатоците од подморницата и околниот простор треба да се покријат со заштитна обвивка за да се спречи понатамошно истекување. Официјалните лица тврдат дека самото подигнување на подморницата би било премногу ризично, бидејќи поместувањето на дотраениот и 'рѓосан труп би можело да предизвика пукање на резервоарите и дополнително, уште поконцентрирано ширење на жива. Норвешката влада досега потрошила повеќе од 400 милиони норвешки круни за разни студии за судбината на U-864 и, според „Мирор“, моментално ги разгледува наодите од најновиот извештај. Локалните активисти со години инсистираат на целосно отстранување на остатоците, плашејќи се дека нивното покривање би можело ненамерно да предизвика детонација на германските торпеда за кои се тврди дека сè уште се на бродот или да ги смачка преостанатите резервоари со жива. Весникот потсетува дека мисијата на подморницата U-864 била откриена благодарение на британските разузнавачки служби. Подморницата наводно превезувала материјали што Јапонија требало да ги искористи за изградба на напредни млазни ловци и ракети за одбрана на окупираните територии во Азија. Подморницата HMS Venturer испалила четири торпеда кон U-864, од кои последното ја погодило целта и ги усмртило сите 73 члена на екипажот. Според „Мирор“, ова е единствениот забележан случај во текот на целата Втора светска војна кога една подморница потопила друга подморница, додека сите други такви погодоци се случиле додека целта се наоѓала на површината на морето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter