Златната олимписка пливачка има дупка на срцето - Канал 5

Златната олимписка пливачка има дупка на срцето

Данската репрезентативка во пливање , која на Олимпуијадата во Рио освои златен медал на 50 метри слободно , се подвргна на тешка операција.

Златната олимписка пливачка има дупка на срцето

Како што соопшти данската пливачка федерација , Пернила Блум успешно го оперирала срцето. 24- годишната Блим кон крајот на јануари била подвргната на тежок оперативен зафат , поради вродена срцева мана , што била откриена откако и се појавила постојана болка во левата рака.

,, Докторите открија мала дупка на срцето , која требаше да се затвори со оперативен зафат. Операцијата помина добро и задоволна сум што ја направив .” , изјави денеска пливачката.

Блум по опоравувањето ќе може да и се приклучи на репрезентацијата , која тренира во Јужноафриканската Република.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата

Со Ребалансот на Буџетот државните пари одат таму каде што се најпотребни.

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на Буџетот за 2026 обезбедува рекордни инвестиции во општините и инфраструктурата

Вториот клучен столб на Ребалансот е развојот на општините и инфраструктурата каде што граѓаните очекуваат резултати. Ребалансот носи повеќе пари за општините, инфраструктурата и животната средина каде што следуваат конкретни инвестиции.

Наместо средства што остануваат заробени во бирократијата, обезбедуваме повеќе инвестиции во општините, инфраструктурата и животната средина.

Капиталните расходи со Ребалансот растат за 14,5 проценти и достигнуваат речиси 46 милијарди денари. Капиталните дотации до општините се зголемуваат за околу 1 милијарда и 683 милиони денари.

Министерството за животна средина добива дополнителни 2 милијарди и 412 милиони денари, што е зголемување од над 54 проценти. Ова е најголемото ресорско зголемување и јасен сигнал дека проектите за отпад, отпадни води, намалување на загадувањето и еколошка инфраструктура не остануваат само декларативна заложба.

Министерството за транспорт добива дополнителни 1 милијарда и 806 милиони денари. Во рамките на развојните проекти, средствата за железничката инфраструктура растат за околу 743 милиони денари, а за инфраструктурни проекти во општините за околу 665 милиони денари.

Средствата за живеалишта и развој на заедниците се зголемуваат за 1,1 милијарда денари. Тоа значи повеќе простор за водоснабдување, комунална инфраструктура и подобри услови за живот во локалните средини.

Ова е суштинската разлика во начинот на кој се управува со јавните финансии. Буџетот не постои за да ја одржува администрацијата, туку за да гради, развива и создава вредност. Секој реализиран проект значи работа за домашните компании, нова економска активност и подобри услуги за граѓаните.

Граѓаните повеќе не сакаат оправдувања, туку резултати. Затоа секој денар од Ребалансот мора да биде претворен во видлив проект, а секоја институција ќе има обврска средствата да ги реализира навремено, одговорно и транспарентно. Само така довербата се оправдува со дела, а не со зборови.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?

Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде.

СДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?

Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата.

Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават.

Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар.

Зошто не се објавува документ за водата?

Нема документи, нема анализи, нема кој потпишал и одобрил.

Како граѓаните сега да веруваат кога нема ниту извештај, ниту кој потпишан, ниту кој одобрил да се користи водата како техничка?

Никој не им верува на изјавите на Мицкоски и Клековски затоа што многу лажат.

Веќе ги криеја резултатите и тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар.

Не може граѓаните да им веруваат кога министерот за полиција кој нема никакво познавање и експертиза а се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање.

Која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода?

Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денеска да се објават јавно извештаите за водата во Гостивар.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста.

Скопје, 31.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина легендата на светскиот фудбал Италијанецот, Франко Барези

Легендарниот италијански фудбалер Франко Барези почина на 67-годишна возраст; ова го соопшти Милан, само 24 часа откако првично ја демантираше веста.

Почина легендата на светскиот фудбал Италијанецот, Франко Барези

Клубот од „Сан Сиро“ се прости од човекот кој беше срцето и душата на „росонерите“ и кој целата своја професионална кариера ѝ ја посвети на црвено-црниот дрес.

Како долгогодишен капитен, Барези стана симбол на Милан и предводник на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Со клубот и со италијанската репрезентација, тој го одбележа златното доба на италијанскиот фудбал и остана пример за генерации одбранбени играчи ширум светот.

Познатиот капитен на Милан беше подложен на операција во август 2025 година, откако при рутински преглед му бил откриен јазол на белите дробови, кој бил отстранет со минимално инвазивна метода. Операцијата била успешна, по што му била препорачана имунотерапија.

Во декември истата година, Барези се појави на стадионот „Сан Сиро“ за да го следи натпреварот на Милан, каде што публиката го поздрави со силни овации.

Неговото последно јавно појавување беше на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри „Милано-Кортина“, кога го носеше олимпискиот факел заедно со својот пријател Џузепе Бергоми.

Во својата проштална порака, Милан наведе дека тоа се случило само неколку месеци пред неговата смрт. Инаку, Франко Барези е роден на 8 мај 1960 година во Траваљјато, во провинцијата Бреша, а целата своја професионална кариера ја помина во Милан. Тој настапуваше за младинските категории на клубот од 1974 до 1978 година, додека член на првиот тим беше од 1978 до 1997 година.

Во црвено-црниот дрес одигра 717 официјални натпревари и се наоѓа на второто место на вечната листа на клубот, зад Паоло Малдини.

Тој беше дел од тимот што го освои Светското првенство во Шпанија во 1982 година, иако не настапи за време на турнирот.

YouTube video

Учествуваше на светските првенства во 1990 и 1994 година, како и на европските првенства во 1988 и 1992 година.

Еден од најнезаборавните моменти во неговата репрезентативна кариера се случи на Светското првенство во САД во 1994 година.

Барези го повреди менискусот за време на групната фаза, беше подложен на операција, а потоа во рекордно време се врати на теренот за финалето против Бразил.

Иако не беше целосно подготвен, одигра маестрален натпревар во одбраната, но сепак беше еден од италијанските фудбалери кои не реализираа пенал во одлучувачката серија, по што Бразил стана светски шампион.

Франко Барези остана запаметен како еден од најголемите одбранбени играчи во историјата, симбол на лојалност кон еден клуб и вечен капитен на Милан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер