Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос

Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент.

По барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел од седницата.

- Бидејќи политичкото раководство на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за личен интерес, го повикувам военото раководство на земјата да ја почитува дадената заклетва и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, Панос Каменос и Прокопис Павлопулос за одвраќање на ова предавство. Вашите глави во Преспа. Вашите глави во Преспа, рече пратеникот од Златна зора на крајот од неговиот говор во парламентот и предизвика реакции кај претставниците на останатите партии, кои го осудија ставот на Барбарусис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, прв реагираше претседателот на парламентот Никос Вуцис, кој рече дека Златна зора повика на воен пуч и побара партијата да биде отстранета од расправата.

- Денес во грчкиот парламент паднаа маските. Политичката сила Златна зора која секако во парламентот дојде 3-4 пати со глас на одредени наши сонародници директно повика на пуч врз политичкиот систем, врз демократскиот политички систем, повика на воен пуч, секако со согласност од мнозинството на пратеничката група на Златна зора, рече Вуцис.

Претседателот на парламентот побара ниту еден пратеник од Златна зора да не добие право на обраќање за време на седницата, „бидејќи од грчкиот парламент треба до народот да се испрати порака на обединетост, демократија и суштинска политичка конфронтација и паралелно порака на осуда на фашизмот и неговите изразувачи кои сакаат да ја создадат оваа атмосфера“.

Ова објаснување на Вуцис беше прифатено од останатите партии, со исклучок на Златна зора.

Пратениците од Златна зора, откако беа исклучени од расправата во парламентот, излегоа пред парламентот и им се придружија на групата демонстранти што од утрово „го бранат грчкиот карактер на Македонија“./MИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер