КултураЗлатна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“Битола уште еднаш покажа зошто е вечниот Град на светлината и уметноста, испраќајќи уште едно фестивалско издание во историјата на најспектакуларен можен начин. Центарот за култура синоќа беше сведок на незапаметен аудио-визуелен спектакл кој ги сруши границите помеѓу филмот, историјата и технологијата. На свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, архитектурата на сцената буквално оживеа, трансформирајќи се во гигантско, пулсирачко виртуелно платно преку магичен 3D видео-мапинг кој ја остави публиката без здив! Изминативе денови публиката во Битола имаше можност да гледа рекорден број филмови со висока естетска вредност. Учесниците не штедеа зборови во пофалбите на сцената. Рекоа дека на фестивалот се чувствувале како едно големо семејство на кинематографери и се заблагодарија на целиот тим што им овозможиле да се чувствуваат како дома. -Ви благодарам што сум повторно и годинава со вас на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Ова е магично место. Годинава имав можност да гледам многу филмови, за разлика од минатата година. Доаѓам од Холивуд каде се се врти околу парите и кога дојдов овде во Битола на вашиот фестивал видов уметност на големото платно и тоа ме воодушеви, рече оскаровецот Воли Фистер, кој годинава го предводи жирито во официјалната селекција за Камера 300 заедно со Семи Капланоглу, Давид Шамбиј и Наташа Петровиќ. Златна камера 300 доби кинематограферот Лукаш Жал за филмот „Татковина“ на Павел Павликовски. Сребрена камера 300 доби кинематограферот Жонгчијанг Лианг за „Непозната девојка“, а Бронзена камера 300 му припадна на Пол Спенгеман за филмот „До крајот на денот“. Селекцијата ја направи Слаѓан Пенев, а од лауреатите во салата присуствуваше Жонгчијанг Лианг, додека Спенгеман и Жал се обратија со видео пораки. -Ова е прв пат да учестувавам на „Браќа Манаки“ и прекрасно си поминав. Наградата ми значи многу и ќе им ја посветам на студентите во Белград кои сеуште се борат на улиците низ Србија рече Спенгеман и вети дека следната година повторно ќе дојде. Лианг рече дека иако филмот доаѓа од Кина, сепак приказната е универзална и се заблагодари на целата екипа од филмот особено на сопругата која е режисер на филмот. -Му благодарам на фестивалот „Браќа Манаки“ што изминативе седум дека имав неповторлива можност да се сретнам со мои идоли од светската кинематографија, да разговарам со нив и да се фотографирам, рече Лианг. Наградата на Лукаш Жал му ја додели жирито поради не само спектакуларната кинематографија, туку и поради тоа што ја следи приказната. Тој во видео порака рече дека за жал поради работа на проект не е во можност да биде во Битола. -Изненаден сум, почестен и жалам што не сум таму со вас. Му благодарам на жирито и на фестивалот, рече Жал. На присутните на свеченото затворање им се обрати директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека во изминативе седум дена се случи љубов, почит, забава...гледавме филмови, ги учевме децата да го сакаат филмот, гледавме мастеркласови, работилници, огромен број кинематографери. -Навистина сум многу горд и среќен сум што ова издание многумина од нас ќе го паметат цел живот. Имам многу идеи и мојот тим се потруди тоа да го реализира. Да живее „Браќа Манаки“ со многу љубов и многу почит, рече Доксевски заблагодарувајќи се на тимот и на публиката За наградата Кристална камера 300 за студентската камера селектирана од Ханис Багашов одлучуваа Ана Сари, Елеонора Венинова и Мајкл Чонг. Наградата ја доби кинематограферката Милда Јуодвалките за филмот „Зад ридот на Наполеоновата капа“ за „емоционалната интелигенција со која „нè воведува во приказната, водејќи нè низ спомените и сегашноста“ Јуодвалките се заблагодари со видео порака во која рече дека не ја очекувала и многу уживала во проекциите додека престојувала на фестивалот. Селекцијата на кратките филмови направена од Марија Апчевска и Атанас Велковски ја оценуваше истото жири и Мала златна камера 300 му додели на Хулијан Амару Естрада за филмот „Никој не го познава светот“ за „креативна разновидност со која камерата ја доловува суровата природа на општествената реалност и автентично го прикажува еден тежок свет“. -Ги гледав сите филмови од оваа селекција и таму имаше мнпгу што ја заслужуваат наградата, затоа ви благодарам, рече Хулијан Амару Естрада. Документарната програма ја селектираше Кумјана Новакова одлучуваше жирито во состав Дани Салал, Ивана Хаџиевска и Лука Коасин. Железна камера 300 ти им доделија на двајца добитници: Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатауа“ и Максим Катари за „Убавината на магарето“. -Кинематограферот Максим Катари ја пронајде соодветната дистанца на својот поглед за да ја раскаже приказната, додека Прецизната кинематографија на Бенџамин Ечазарета ја врамува бесконечноста. Тој нè пренесува од површината до срцето на нашата планета. Патување навнатре, кон самите себе, рекоа од жирито. Лауреатите се заблагодарија од сцената во Битола и изразија среќа и задоволство што се дел од фестивалот годинава. Специјално признание доби и кинематограферот Ала Кеир за филмот „Ништо не се случува по твоето отсуство“, за „вклопувајќи ја пустината во формат на слика 1.33, со ограничена опрема и специфична мизансцена, снимателот Ала Кеир испраќа силна порака: филмот е сведок на реалноста на луѓето“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилатаАфрим Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“. Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката. Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување. Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во БугаријаСлучајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија. Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање. „А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“ Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање. „Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски. Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата. Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија. По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook