Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
1Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
2Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
КултураЗлатко Панзов добитник на наградата „Драги“ Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект. Комисијата за доделување на наградата била во состав: Јана Михајловска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Милан Дамјановски, на својот последен состанок констатираше дека сите пет финалисти: Анастасија Ѓурчинова, Златко Панзов, Иван Шопов, Љубица Арсовска и Никола Ѓелинчески, заслужуваат да бидат наградени за нивните исклучителни преводи кои, на најубав можен начин придонесуваат за афирмација на македонски јазик и на книжевниот превод во целина. Комисијата едногласно донела одлука Наградата да му се додели на Златко Панзов. -Романот „Заробеништво“ од современиот унгарски поет, прозаист, драмски автор и есеист Ѓерѓ Шпиро е мошне комплексен историско-авантуристички роман сместен во времето на Римското царство од добата на Јулио-Клавдиевската династија во 1. век од новата ера. Младиот Евреин Ури, по низа околности, ќе се најде вплетен во клучните настани од тој период и тоа во хронотопската тријада: Рим - Ерусалим - Александрија. Како ликови, во романот, меѓу другите, циркулираат и Калигула, Понтиј Пилат, Исус. „Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, дискурс во духот на македонскиот јазик. Преводот на ова волуминозно дело, и по обем, и по содржина, несомнено, изискува голем труд, посветеност и истражувачка работа. Дијалозите се спонтани, а драматичното преплетување на историските факти и фикцијата, во симбиоза со психологијата на главниот лик, нудат несекојдневно читателско искуство, стои во соопштението од тимот. На истиот состанок, комисијата за доделување на наградата „Драги“ едногласно решила да му се додели и специјална признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЕХО 17: Од длабочините на Врело до највисоките планини - пет дена филмски приказни во СкопјеПланината не завршува на својот врв. Понекогаш нејзините најневеројатни приказни се кријат длабоко под површината. Меѓународна експедиција со светски рекорди, врвни алпинистички филмови, женски приказни од планината и теми за природата и климатските промени се дел од програмата на 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм, што ќе се одржи од 26 до 30 октомври во Скопје. Планината не завршува на својот врв. Понекогаш нејзините најневеројатни приказни се кријат длабоко под површината. Токму од таму доаѓа и една од посебните содржини на овогодишното издание на ЕХО - презентацијата на Спелеонуркачкиот клуб Врело за меѓународната експедиција во подводната пештера Врело, во Матка, која истражувањето го продолжи до длабочина од 338 метри и постави три светски рекорди. Ова е само една од приказните што ја поврзуваат овогодишната програма: љубопитноста, истрајноста и човечката потреба да се истражува непознатото, без разлика дали станува збор за подводен свет, карпеста северна стена или заедница што се соочува со промените во својата природна средина. ЕХО 17 ќе се одржи од 26 до 30 октомври, со филмски проекции и придружна програма што ги обединуваат алпинизмот, планинарењето, екологијата, културата и животот во планинските предели. Фестивалот и оваа година носи меѓународна селекција на филмови што ја прикажуваат планината од различни перспективи - како простор за големи спортски подвизи и лични предизвици, но и како дом, природно наследство и дел од културниот идентитет на многу заедници. Особено силен дел од програмата се алпинистичките филмови, со приказни за големи искачувања, ризикот, границите на човечките можности и односот меѓу човекот и планината. Значајно место имаат и жените во планинарењето и алпинизмот, преку филмови што ги претставуваат нивните искуства, избори и достигнувања во средини во кои традиционално доминирале мажите. Еколошките филмови, пак, отвораат прашања за климатските промени, чувствителноста на планинските екосистеми и одговорноста кон природата. Програмата не се ограничува само на спортските достигнувања, туку ги истражува и планинските заедници, локалните традиции, културното наследство и начините на кои луѓето живеат со планината. Во селекцијата се застапени и скијањето и сноубордингот, како дел од разновидната култура на планинските спортови. Фестивалот ќе биде отворен на 26 октомври во 19:00 часот, во киното Фросина при Младинскиот културен центар во Скопје, со проекција на филмот Frost: The Story of a Lifetime. Во текот на петте фестивалски дена, покрај филмската програма, публиката ќе има можност да присуствува и на презентации на гости, разговори, работилници и други придружни настани. Со тоа ЕХО продолжува да создава простор за средба на филмаџии, алпинисти, планинари, екологисти, истражувачи, уметници и публика што сака да ги запознае различните приказни поврзани со планината. По 17 изданија, ЕХО е многу повеќе од фестивал за луѓето што се искачуваат на планини. Преку филмовите, разговорите, преводите на книги и активностите надвор од Скопје, фестивалот ја приближува планинската култура до пошироката публика и отвора прашања што ги надминуваат границите на спортот. ЕХО 17 – Фестивал на планински филм 26–30 октомври 2026 Кино Фросина и Џебно кино, Младински културен центар, Скопје Отворање: 26 октомври, 19:00 часот Комплетната програма и информациите за проекциите и придружните настани се достапни преку официјалните канали на фестивалот. Link од трејлерот на фестивалот https://youtu.be/kZB7N0oHE7g / https://vimeo.com/1237746166?fl=pl&fe=shКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураКонцертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во ЗагребСо изложбата „Сцени од ателјето“ на Ивана Настеска и концертот на „Дуо Скупи“, македонскиот КИЦ во Загреб приреди вечер исполнета со уметност, со силна синергија на впечатливиот музички и ликовен израз.На почетокот на настанот, пред бројните вљубеници во уметноста, се обратија македонскиот амбасадор во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, како и авторката на изложбата, Ивана Настеска и членовите на Дуо Скупи, Јета Старова Мехмети и Ермаљ Мехмети. Во своето обраќање, амбасадорот Драган Ѓурчевски ја истакна важноста на културната дипломатија за зајакнување на пријателските односи и продлабочување на соработката меѓу двете земји, нагласувајќи ја улогата на културата во поврзувањето и афирмацијата на националните културни вредности. Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска претставувајќи ги уметниците и нивното творештво се осврна на изложбата „Сцени од ателјето“, истакнувајќи дека „преку специфичната чувствителност на акварелот, неговата непредвидливост и слободата што ја нуди, Ивана Настеска успева да го претвори секојдневното во уметничко доживување и да нè потсети дека убавината често се крие во деталите што ги забележуваме само кога ќе застанеме и навистина ќе погледнеме“. Исто така, во своето обраќање, таа ја потенцираше творечката вредност на „Дуо Скупи“ кои преку истражувањето на звучните можности на флејтата и виолината и долгогодишната заедничка работа градат препознатлив камерно-музички израз. На отварањето на изложбата Ивана Настеска истакна дека: „ателјето не е само простор во кој се создава уметност, туку и место на тишина, набљудување и разговор со бојата. Токму во таа внимателна средба меѓу уметникот и светот околу него се раѓаат сцените што ги претставувам“. По отварањето на изложбата посебна атмосфера на вечерта донесе концертот на „Дуо Скупи“, во кој беа поврзани класичната традиција, современото творештво и богатството на македонската и балканската музичка традиција. Внимателно осмислениот репертоар што ги поврзува различните музички епохи и стилови, виртуозната изведба, професионалност, стилска зрелост и длабоко разбирање на камерното музицирање беа наградени со долготрајни аплаузи и бис од публиката. Настанот се реализираше како дел од годишната програма на македонскиот културно-информативен центар во Загреб, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна срединаОпштина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување. „Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски. Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter