Францускиот тренер сигурно ќе го пропушти гостувањето на Реал кај Депортиво Алавес во сабота, а тимот ќе го води првиот асистент на Зидан, Давиде Бетони.
Доколку Зидан мине цели две недели во самоизолација, ќе пропушти уште два првенствени натпревари, дома против Леванте на 30 јануари и на гостински терен против Леванте на 6 февруари.
Реал и Зидан во моментов се во голема криза. Да потсетиме, во средата, актуелниот шпански шампион беше елиминиран од Купот на кралот од нисколигашот Алкојан, и е елиминиран од полуфиналето на Суперкупот на Шпанија од Атлетик Билбао. Следуваше слабо реми без голови во Ла Лига кај Осасуна.
Пред Зидан, стоперот Начо Фернандез, Еден Азар, Касемиро и Едер Милитао, како и Лука Јовиќ, кој е на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, го прележаа коронавирусот во Реал.