ЗИМСКИ МЕДЕНИ КОЛАЧИ - Канал 5

ЗИМСКИ МЕДЕНИ КОЛАЧИ

Потребни состојки: 6 јајца, 900 гр. шеќер, 2 лажици ванилин шеќер, 1 литар масло, 3 лажици мед, 2 кг. брашно, 1 чоколадо, 200 гр. мармалад од шипки и 100 гр. шеќер во прав.

ЗИМСКИ МЕДЕНИ КОЛАЧИ

Рецепт на: Андријана Поповска

Постапка:

Во подлабок сад се ставаат: јајца, шеќер измешан со ванилин шеќер, масло и мед и се матат околу 4 минути.

Потоа се додава брашното и се мати со миксер на помала брзина уште неколку минути.

Тестото се покрива со фолија и се расукува со подебело сукало.

Со помош на калапчиња се формираат колачи во најразлична форма.

Колачињата се печат во загреана рерна околу 10 минути на 200 степени.

Откако ќе се испечат се соединуваат со мармалад од шипки и се декорираат со течно чоколадо и шеќер во прав.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. 

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.

Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Променливо облачно и топло со температура до 34 степени, утре предупредување за невреме

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 28 и 34 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 32 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе се задржи топло време. Утре на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси со пообилни врнежи и ретка појава на град. Од четврток следува претежно сончево време со променлива облачност и слаб до умерен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер