Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе - Канал 5

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе

Најмалку 51 човек починаа во зимската бура што го погоди источниот дел на САД. Според здравствените власти, најчести причини за смртта се хипотермија и срцеви удари додека го чистеле снегот.

Зимската бура во САД усмрти над 50 луѓе

Во сојузните држави Лујзијана, Тенеси и Кентаки пријавени се осум смртни случаи од хипотермија, а во градот Њујорк пронајдени се десет безживотни тела на отворено.

Од хипотермија смртно настрадале и жители на сојузните држави Канзас, Мисисипи, Јужна Каролина, Тексас и Мичиген.

Во Детската болница „Монро Карел Помладиот“ во Вандербилт, Тенеси, хоспитализирани се 46 деца поради изложеност на јаглероден моноксид. Тие се затруле додека нивните семејства се обидувале да се затоплат, а во прекин било снабдувањето со електрична енергија.

Во голем дел од САД останува во сила предупредувањето од студено време. Метеоролозите предупредуваат дека екстремниот студ ќе трае најмалку до 1 февруари. Тие следат уште една евентуална зимска бура, која би можела да го погоди источниот дел на САД за време на викендот. Се претпоставува дека речиси 80 проценти од населението на САД ќе биде погодено од температури под нулата.

Ниската температура на воздухот и снегот до 51 сантиметар предизвика нарушување на сообраќајот и прекин на електричната енергија. Повеќе од 500.000 домаќинства немаат струја.

„Американ ерлајнс“ (American airlines) соопшти дека досега откажала повеќе од 9.000 лета, од кои 25 отсто се откажани вчера. Во САД вчера се откажани над 2.000 лета, а најпогодени се аеродромите во Далас, Бостон и во Њујорк.

Во сојузните држави Лујзијана и Мисисипи е распоредена Националната гарда, чии припадници помагаат во чистењето на снегот и управуваат со сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Георгина не се омажи за Роналдо во венчаница- и двајцата носеа костуми од „Гучи“ (ФОТО)

Георгина Родригез не избра класична венчаница за нејзината свадба со Кристијано Роналдо.

Георгина не се омажи за Роналдо во венчаница- и двајцата носеа костуми од „Гучи“ (ФОТО)

Наместо долг чипкан фустан со традиционални детали, таа носеше целосно бел ансамбл од Гучи, составен од сако и тесно миди здолниште.

Првите детали за нејзиното свадбено издание беа откриени откако Вог ги објави официјалните фотографии од прославата. Освен изгледот на Георгина, можеше да се види и што носеа Кристијано Роналдо и нивните пет деца за таа пригода.

Бел одело од Гучи наместо венчаница

Ансамблот на Георгина се состоеше од палто со долги ракави и тесно миди здолниште, изработено од свилена фајла, поцврста ткаенина што добро ја држи својата форма. Под јакната носеше лесна, малку проѕирна бела кошула, што му даваше на целото издание помек изглед. Комбинацијата изгледаше елегантно и рафинирано, но многу поедноставно и помодерно од класична венчаница.

Изгледот го надополни со бели сатенски чевли од Гучи со препознатливиот метален детаљ Horsebit. Долгата коса ја носеше права и лабава, со шминка во природни тонови и бел маникир. Но, ова можеби не е последниот свадбен изглед што ќе го видиме кај Георгина. Двојката планира и поголема прослава со семејството и пријателите, па ќе биде интересно да се види дали ќе останат верни на минималистичкиот стил за таа пригода или ќе изберат полуксузна венчаница.

Ниту Роналдо не носеше класично црно одело

Кристијано Роналдо исто така се оддалечи од традицијата. Наместо смокинг или класично црно одело, тој избра светло беж костум од Гучи по нарачка. Го носеше со обична бела маичка наместо кошула и вратоврска и мокасини од Гучи по нарачка. Така се вклопи во светлата палета на бои што ја избра и Георгина. Комбинацијата ја надополни со лична бројаница, видлива на свадбените фотографии.

Целото семејство носеше Гучи

Гучи не носеа само младенците. Нивните пет деца, Кристијано Џуниор, Ева, Матео, Алана Мартина и Бела Есмералда, беа исто така облечени во креациите на италијанската модна куќа. Нивните комбинации беа главно во светли и неутрални тонови, што го направи целото семејство стилски хармонично.

Посебно значење зад изборот

Изборот на Гучи исто така имаше посебно значење. Георгина и Кристијано се запознале додека таа работеше во продавницата на Гучи, па затоа присуството на брендот на нивната свадба не беше само моден избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)

Кога го уништуваме заедничкото – се уништуваме самите себе!

Деца го уништуваат тартанот и головите во училиште во Велес, градоначалникот со апел (ВИДЕО)

Речиси секојдневно сме сведоци на уништување на урбана опрема, детски игралишта и спортски терени. Овој пат мета на несовесно однесување се тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ "Васил Главинов", создаден за децата и младите да имаат безбедно и уредено место за спорт и рекреација.

Општина Велес како и досега ќе ја санира направената штета, но секој денар потрошен за поправка на нешто што намерно е уништено е денар помалку за ново игралиште, нов терен, нова урбана опрема и нови инвестиции.

Случајот е пријавен до надлежните институции и очекуваме сторителите да бидат утврдени и да понесат одговорност.

Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат. Апелираме за свест и разум да не се уништува она што е направено со народни пари, а секој што ќе примети вакво вандалско однесување да пријави до надлежните институции.

Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом, објави на ФБ градоначалникот Марко Колев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонскиот весник Спорт објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.

Ѓоковиќ објави кога ќе ја заврши кариерата

Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерс титули, ги комплетираше своите најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ нагласи дека ова е круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности.

„Сакам да ја завршам кариерата во Лос Анџелес со знамето на Србија на рамената“

Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во мојот живот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат.

Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го сменив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе успеам до следните Олимписки игри и да ја заврши кариерата со српското знаме на рамената.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер