Зимбабве воведе итна забрана за извоз на сурови минерали и литиум - Канал 5

Зимбабве воведе итна забрана за извоз на сурови минерали и литиум

Зимбабве денеска објави итен мораториум на извоз на сурови минерали и литиумски концентрат, потег насочен кон принудување на домашната преработка и зголемување на националните приходи.

Зимбабве воведе итна забрана за извоз на сурови минерали и литиум

Министерот за рударство, Полајт Камбамура, во соопштение изјави дека забраната се однесува дури и на материјалите кои во моментов се во транзит, пренесе ДПА.

- Владата очекува соработка од рударската индустрија за оваа мерка, која е преземена во национален интерес – рече тој.

Овој потег уследи по постојаните критики за начинот на кој владата управува со своето минерално богатство. Критичарите ги обвинуваат официјалните лица дека им дозволуваат на кинеските инвеститори да го испраќаат суровиот литиум директно во Кина на преработка, наместо да ги собираат економските придобивки од неговата домашна обработка.

Литиумот стана критична глобална стока поради неговата суштинска улога во производството на електрични возила и мобилни телефони.

Зимбабве поседува значителни резерви на злато, литиум, платина и дијаманти. Кон крајот на 2023 година, земјата исто така објави дека открила природен гас во близина на својата северна граница со Мозамбик и Замбија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер