ЖРК Вардарки е најдобро рангирани тим во Европа - Канал 5

ЖРК Вардарки е најдобро рангирани тим во Европа

Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција ЖРК Вардар е на врвот на ранг листата на ЕХФ, според гласање на ракометните експерти во Европа.

ЖРК Вардарки е најдобро рангирани тим во Европа

ЖРК Вардар, кој сезонава нема пораз во Лигата на шампионите, според стручните лица, е главен претендент за шампионскиот трофеј во елитното натпревраување.

- Природно е дека единствениот тим без пораз оваа сезона е на врвот на ранг листата. Заедно со Ференцварош, македонскиот тим е единствениот кој победи на сите мечеви во главната групна фаза. Во минатото коло го преживеаа гостувањето кај Турингер, но нивната неверојатната игра во одбрана и длабочината во составот е се уште доволна за да бидат главни фаворити за освојување на титулата оваа сезона. Во последните три меча два пати се домаќини, против Будуќност и Турингер и сигурно тоа им ги зголемува шансите да завршат на првото место во групата, пишува меѓу другото за ЖРК Вардар, во текстот објавен на официјалниот веб сајт на ЕХФ.

Зад македонскиот шампион на ЕХФ ранкингот се двете унгарски екипи, Ференцварош и Ѓер, по кои во „Топ 10“ следуваат: Ларвик, Букурешт, Митјиланд, Мец, Будуќност, Турингер и Есбјерг.

До крајот на главната групна фаза црвено-црните имаат да одиграат уште три натпревари, по што следуваат мечевите од четвртфиналето, а потоа и завршниот „Фајнл-фор“ турнир во мај во Будимпешта.

Следниот натпревар македонскиот шампион Вардар ќе го игра во недела со почеток од 17:30 часот, кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува големиот ривал Будуќност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Пет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Нов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. 

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер