ЖИВО ЌОФТЕ СО МОДАР ПАТЛИЏАН - Канал 5

ЖИВО ЌОФТЕ СО МОДАР ПАТЛИЏАН

Рецепт на Фета Сулејман.

ЖИВО ЌОФТЕ СО МОДАР ПАТЛИЏАН

Потребни состојки: 1 кг. бунгур (кршен ориз), неколку лажици исот (лута пиперка), 1-2 главици кромид, малку магдонос, мешан зачин, сол по вкус, малку масло, неколку лажици јогурт, 1 тегла доматно пире, ½ модар патлиџан, 2 лимона, малку сос од калинка и неколку листови од марула.

Постапка:

Во поголема тепсија состојките се ставаат по следниот редослед: бунгур, сечкан кромид, исот лута пиперка и доматно пире.

Сите состојки добро се мешаат неколку минути со рака.

Потоа се додава сечкан пропржен модар патлиџан, сол и мешан зачин по вкус и се продолжува со мешањето околу 40 минути.

При крај се додава: малку масло, малку магдонос, неколку лажици јогурт и се продолжува со мешањето уште половина час.

Потоа се додава сок од лимон и сос од калинка и се продолжува со мешањето се додека не се соединат состојките.

Ќофтињата се формираат со рака, се сервираат во линија и се декорираат со листови од марула и лимон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Редок модел на Ferrari Monza SP2, со проценета вредност од 3,7 милиони фунти, било запленето во Лондон за време на викендот. 

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Автомобилот беше еден од 90-те возила што полицијата ги заплени при акцијата против несовесното возење во областите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк.

Вкупната вредност на запленетите возила надминува 8 милиони фунти, пренесува BBC News.

Скапоценото Ферари ( Ferrari Monza SP2) – модел од кој се произведени само 499 примероци, било запленето само половина час откако по прв пат се појавило на улиците на Лондон.

Според информациите од полицијата, возачот бил зад воланот помалку од триесет минути. Утврдено е дека поседувал само привремена возачка дозвола и дека возилото не било осигурено. Модел од овој тип беше продаден на аукција претходно оваа година за 3,7 милиони фунти.

Полицијата на лице место запленила петнаесет возила, користејќи овластувања што дозволуваат конфискација без претходно предупредување доколку автомобилот се користи на начин што го загрозува јавниот ред. Главниот инспектор Џеф Татман, кој ја предводеше операцијата, ги објасни мотивите зад оваа акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Кисела Вода: Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“

Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на ЈДГ „Весели Цветови“. 

О. Кисела Вода: Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“

Со овој зафат објектот е целосно реновиран. Комплетно е обновен средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа: три занимални во кои престојуваат деца на возраст од 2 до 6 години, кујна, канцеларија и ходникот.

За време на реновирањето, целосно е отстранета ламперијата од ѕидовите, по што е поставена арматурна мрежа и ѕидовите се израмнети и соодветно обработени. Поставен е и нов плафон. Истовремено, извршена е демонтажа, темелно чистење и бојадисување на радијаторите, а поставено е и ново осветлување.

-Континуираното унапредување на условите за децата во градинките останува наш основен приоритет. Со ова реновирање создаваме многу попријатна, побезбедна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите. Нашата цел е секое дете да има квалитетни услови за раст и развој, а воспитниот кадар современ и соодветен простор за работа - изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска при посетата на градинката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции - поефикасно планирање и управување со капиталните проекти.

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата.

Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Министерството за финансии по донесување на Уредбата за управување со јавни инвестиции започна со прибирање предлог-проектни идеи со средна и голема вредност, односно над 5 милиони евра, на коишто Министерството за финансии изврши детална проверка од аспект на комплетноста на документацијата, квалитетот на доставените податоци, стратешката релевантност и основната подготвеност на проектната идеја за понатамошна разработка и врз основа на таа анализа изготви Листа на предлог проектни идеи за јавни инвестиции и мислење за финансиските аспекти, одржливоста и изводливоста на предлог проектна идеја којашто беше доставена до Комитетот за јавни инвестиции на одобрување и доставување до Владата на усвојување.

На листата се содржани проекти од областа на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетика, дигитализација, како и проекти од областа на земјоделството и водостопанството.

Првата конечна приоритетна листа, којашто е усвоена, ќе биде клучна основа за дефинирање на новите капитални инвестиции во буџетскиот процес за 2027 година, како и во инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, што значи дека институциите при своето идно инвестициско планирање треба да се усогласат со оваа листа.

Имено, вклучувањето на предлог проектите на конечната приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции не значи и обврска за негово финансирање, ниту конечна одлука за негово спроведување. Одлуката за финансирање на предлог проектот ќе се носи понатаму, преку процесот на капитално буџетирање во рамките на расположливите буџетски средства, односно преку инвестициско планирање во рамките на расположливите финансиски средства на јавните субјекти кои не се буџетски корисници, во зависност од зрелоста на проектот и приоритетите на Владата за соодветната фискална година.

Донесувањето на Уредбата, како и на оваа листа е во согласност со Реформската агенда 2024 – 2027 а во насока на управувањето со јавните инвестиции. Уредбата произлегува од Законот за буџети и е донесена минатата година. Комитетот за јавни инвестиции исто така беше формиран минатата година, а првиот состанок се одржа во април оваа година со што започна примена на еден посистематски пристап во планирањето и управувањето со јавните инвестиции во државата. Односно, станува збор за нов начин на организирање и носење одлуки за капитални проекти со вредност над 5 милиони евра, а целта е одлуките за реализација на проектите да се ностат транспарентно и поедноставно да се планираат буџетите за следните години.

Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции е објавена на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/upravuvanje-so-javni-investiciii-file-Zznn.pdf.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер