3Кузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
3Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ФудбалЖивко Здравкоски: Спортот како составен дел од живототСкоро четири децении во спортот на територијата на поранешна Југославија остава вредни траги.Големиот вљубеник во спортот, Живко Здравкоски првите спортски чекори ги направил во фудбалскиот клуб Вардар, каде поминал седум години. Една сезона поминал и во скопскиот тим - ФК Работнички. Но, спортскиот врв не го доживува како фудбалер, туку како фудбалски судија. Својата поврзаност со играта ја префрли во новинарската професија. Пишуваше за весници кои за жал веќе не излегуваат: спортскиот магазин „СКОК“, скопски „Дневник“, за поранешниот дневен весник „Македонски спорт“, а не го заобиколи ниту телевизијата - работеше за А1 и МТВ. Во последните две децении работи како дописник. Тој остава впечатлив белег преку специфичен стил на пишување како дописник на Спортскиот весник, преку редовни и детални анализи на повеќе спортови во Македонија, како во портретите на српските интернационалци во земјава, така и во следењето на успесите на македонските спортисти на домашна и меѓународна сцена. А дописникот од Македонија е сместен во два дневни спортски весници кои се печатат повеќе од 100 години: „Ла газета дело спорт“ Милан (Италија) и „Кикер“ Нирнберг (Германија). - Режирав создавање на два спортски документарни филма, некако во мене се разбуди желба и идеја, станува збор за: „250 чекори“, посветени на светските јуниорски кошаркарски шампиони кои ја освоија титулата за СФРЈ во 1987 година во Бормио, Италија и ТВ - серијата посветена на јубилејот - 70 години ФК Вардар: „Еден живот - една љубов“. Драго ми е што на страниците на „Слово“ има простор за различни области, можете многу да научите, во исто време со сопругата која е од Панчево со задоволство учествуваме на културните емисии организирани од Спона, вели Живко Здравкоски, и додава дека со нетрпение го очекува следното издание на нашиот билтен, објави поратлот Срби.орг. Инаку, филмот “250 скалила“, снимен по идеја на Живко Здравкоски, поранешен македонски активен спортски новинар, кој повеќе од две децении е дописник на најстарите светски спортски листови “Ла Газета дело спорт“ од Италија и “Кикер“ од Германија , е единствениот филм што доби две награди во конкуренција на 167-те филма кои беа прикажани на 36. “Светско првенство на Телевизија, кино, култура, спорт и комуникација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЖивотКанада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраиниКанада се соочува со можно отцепување на една од нејзините најбогати покраини. Гласањето се одржува денес.Жителите на Алберта денес ќе одлучат дали да го започнат процесот за распишување обврзувачки референдум за отцепување од Канада. Премиерот Марк Карни предупредува дека победата на сепаратистичката опција би предизвикала опасна неизвесност во време кога трае трговската војна со Соединетите Држави, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Анкетите покажуваат дека независноста ја поддржуваат помалку од една четвртина од жителите на оваа западна канадска провинција. И покрај тоа, во пресрет на гласањето, целото внимание е насочено кон излезноста и прашањето дали еден мотивиран сепаратистички табор, во услови на пасивност на федералистите, може да постигне неочекуван резултат. „Не дозволувајте некој да ви каже дека исходот е веќе одлучен. Излезноста ќе го одреди резултатот“, изјави Карни на еден собир во четвртокот. Карни, кој израснал во Алберта, го нарече референдумот „опасен блеф“ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп воведува казнени царини и се заканува со анексија, со цел да ја скрши канадската решителност. „Гласајте како од тоа да зависи опстанокот на Канада – бидејќи навистина зависи“, рече Карни. Алберта ги поседува четвртите по големина докажани резерви на нафта во светот, а сепаратистичкото движење е поттикнато од незадоволството од начинот на кој федералната влада управува со овој сектор. Многу жители на Алберта остро му се спротивставија на претходникот на Карни, Џастин Трудо, обвинувајќи го дека преку своите климатски политики се обидува да го задуши производството на нафта. „Ако сакате да посочам кој е одговорен за сепаратистичкото расположение, сметам дека тоа е Џастин Трудо“, изјави овој месец премиерката на Алберта, Даниел Смит, во подкастот „Канадаленд“ (Canadaland). На еден сепаратистички собир во Едмонтон, одржан во саботата, 61-годишната Сенди Мартел изјави за новинската агенција АФП дека луѓето поврзани со нафтената индустрија се чувствуваат „ограбени, измамени и лошо третирани“. „Време е да се исправиме и да кажеме: доста е“, додаде таа. Гласањето доаѓа само неколку дена откако во пожар во една воена база во оваа провинција загинаа најмалку четворица војници, а десетици беа повредени, што предизвика изливи на сочувство низ целата земја. Конзервативната премиерка на Алберта вели дека сака покраината да остане во Канада, но распиша референдум за конечно да се реши ова спорно прашање. Доколку мнозинството гласа за отцепување, таа вети дека ќе иницира процес што ќе води кон обврзувачки референдум. Ако победат федералистите, Смит смета дека прашањето за отцепување треба да се смета за затворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
КултураЛитера отвора ново поглавје: „Градови полни приказни“ и нов центар за детска креативностМеѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца и млади „Литера“ најавува два значајни проекта – едиција сликовници посветени на македонските градови и отворање Центар за развој на детска креативност.Од денес, 19 октомври до 10 ноември 2026 година е отворен конкурс за авторски текстови за сликовници под заедничката тема „Градови полни приказни“. Со овие иницијативи, фестивалот го проширува своето дејствување во целогодишна платформа за литература, илустрација, уметност и едукација. Шест градови, шест сликовници, една Македонија раскажана низ приказни. Гевгелија, Битола, Охрид, Скопје, Прилеп и Куманово ќе добијат свои авторски сликовници, кои преку автентични приказни и илустрации ќе го претстават нивниот културен идентитет пред домашната и меѓународната публика. Под мотото „Градови полни приказни“, „Литера“ ги повикува авторите да создадат оригинални текстови инспирирани од овие шест македонски градови. Конкурсот е отворен од 19 октомври до 10 ноември 2026 година и има цел да поттикне нови авторски гласови и современи приказни што ќе го доближат културното богатство на Македонија до најмладите генерации. Шесте сликовници ќе бидат изработени со висококвалитетни материјали и обединети во специјално дизајнирана кутија со интерактивна игра за запознавање на градовите. Проектот создава современо книжевно, визуелно и едукативно искуство, со потенцијал за промоција на македонската култура надвор од земјата. Од 1 ноември започнува со работа Центарот за детска креативност Во исто време, „Литера“ отвора Центар за развој на детската креативност, кој од 1 ноември 2026 година ќе понуди тематски работилници за боја, илустрација, 3Д-форми, раскажување приказни преку цртеж и изработка на сликовници. Работилниците ќе ги водат професионални автори и стручни лица, а програмата ќе се објавува однапред, со пријавување и до пополнување на капацитетите. Осум години посветени на квалитетната детска литература Во изминатите осум години „Литера“ придонесува за нов пристап кон детската литература и илустрацијата во Македонија, афирмирајќи ја сликовницата како уметничко дело со важна улога во развојот на визуелната култура, имагинацијата и љубовта кон читањето. „Веруваме дека вложувањето во детската литература и креативност е вложување во културната иднина на нашата земја. Со едицијата „Градови полни приказни“ сакаме да покажеме дека секој град има приказна што вреди да се раскаже и зачува. Паралелно, создаваме простор во кој децата ќе можат да ја развиваат својата имагинација и креативност. Нашата цел не е само да создаваме нови читатели, туку и идни автори, илустратори и генерации со развиена визуелна култура“, велат од тимот на „Литера“. Во 2026 година фестивалот ја развива својата целогодишна платформа, која ќе обедини изложби, работилници, предавања, професионални вмрежувања и меѓународни претставувања. Со новите проекти, „Литера“ продолжува да гради простор во кој приказните ја зачувуваат културата, а креативноста ја обликува иднината. Автор на официјалната илустрација за Литера 2026 е Анастасија Јованова. Конкурс „Градови полни приказни“ Рок за доставување авторски текстови: 10 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01
ЕвропаПутин: Русија создава погранична безбедносна зона во Украина за која нема да се преговараРусија воспоставува безбедносна зона во Украина по должината на нејзината граница, што нема да биде предмет на какви било преговори со киев во иднина, изјави претседателот Владимир Путин.Тој рече дека операцијата е одговор на украинската инвазија во западниот руски регион Курск во 2024/25 година. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека планираната безбедносна зона се протега 660 километри, од кои 70% моментално се под контрола на Русија. Не кажа колку длабоко ќе навлегува во Украина. Путин рече дека руските сили сè уште не освоиле нешто повеќе од 10% од територијата на Доњецк и 16,5% од регионот запорожје, два од четиритие региони што беа анектирани во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook