Жителите на босанско гратче на насилни протести поради инвазијата од мигранти (ВИДЕО) - Канал 5

Жителите на босанско гратче на насилни протести поради инвазијата од мигранти (ВИДЕО)

Стотици граѓани на Велика Кладуша во Босна и Херцеговина вечерва го блокираа преминот на патот кај кампот за илегални мигранти во тој град, со што изразија незадоволство од ескалацијата на мигрантската криза.

Жителите на босанско гратче на насилни протести поради инвазијата од мигранти (ВИДЕО)

Блокадата на патот кај кампот Мирал уследи по конфликт помеѓу незадоволните луѓе и возач на автобус полн со голем број мигранти.

Автобусот, кој вози на комерцијална линија до Бихаќ, се обидел да запре, но демонстрантите го скршиле ветробранското стакло.

Локалната полиција одговори во обид да спречи нови судири.

Инцидентот во близина на кампот за илегални мигранти во Велика Кладуша, следеше на ден откако во тој град се одржаа мирни протести, на кои граѓаните предупредија дека ситуацијата во тој град, преплавен со мигранти, станала неподнослива.

YouTube video

Тие се пожалија на загрозената безбедност и зголемениот број грабежи и подметнување пожари во напуштените згради во кои мигрантите бараат привремено засолниште.

Тие побараа кампот Мирал, во кој живеат околу 1.300 мигранти, веднаш да биде затворен зашто илјадници од нив талкаат по улиците и спијат во парковите и напуштените згради.

Властите на округот Уна-Сана проценуваат дека најмалку 7.000 нелегални мигранти живеат во тој дел на БиХ.

Половина од нив се во прифатните центри во Бихаќ и Велика Кладуша, додека останатите престојуваат на отворено и чекаат можност да ја преминат границата со Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Шумски пожар во местото Тијана, во близина на Барселона, е ставен под контрола, а полицијата уапси маж за кој се сомнева дека е вмешан во неговото предизвикување, објавија денеска шпанските власти.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Регионалната служба за цивилна заштита го укина полицискиот час за жителите на Тијана, Сант Фост де Кампсентељес, Марторелс и Санта Марија де Марторелс, кој беше воведен во текот на денот поради пожарот, но препорача граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби, објави RTVE.

Пожарникарите соопштија дека околу 30 копнени екипи и еден авион сè уште се вклучени во гаснењето на пожарот, додека постепено намалување на бројот на вклучени сили се очекува во текот на вечерта.

Каталонската полиција (Mosos d'Esquadra) уапси маж за наводна вмешаност во предизвикување шумски пожар во Тијана, кој се проширил во околните градови и загрозил околу 16.000 луѓе.

Пожарот избувнал околу 10:45 часот наутро во областа на депонија помеѓу Тијана и Монгат, и се проширил на околу 38 хектари земјиште. Чадот беше видлив од Барселона.

Не се пријавени повредени за време на интервенцијата и не е предизвикана никаква штета на станбени згради, соопшти противпожарната служба.

Регионалниот пат Б-500 помеѓу Бадалона и Молет дел Валес исто така беше привремено затворен поради пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива.

- Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската.

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство.

За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста.

Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси.

Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер