Жестоки реакции по притворот на „Турската Мадона“: Ова е срам за човештвото - Канал 5

Жестоки реакции по притворот на „Турската Мадона“: Ова е срам за човештвото

Турската поп-ѕвезда Ѓулсен е уапсена под обвинение за поттикнување омраза за правење шега за турските верски училишта, објавија турските државни медиуми, објави Асошиетед прес.

Жестоки реакции по притворот на „Турската Мадона“: Ова е срам за човештвото

46-годишната музичарка, чие име е Ѓулсен Чолакоглу, во четвртокот беше однесена на испрашување од нејзиниот стан во Истанбул, а потоа и официјално уапсена. Подоцна била префрлена во затвор каде ја чека судење.

Нејзиното апсење предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Критичарите на владата велат дека апсењето е дел од обидот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да обезбеди поддршка од верските и конзервативните групи пред изборите за 10 месеци.

Обвинението се заснова на шегата што Ѓулсен ја направила на нејзиниот концерт во Истанбул во април, кога се пошегувала дека „перверзијата“ на еден од нејзините музичари доаѓа од посетувањето на верско училиште. Видеото од коментарот на музичарката се проширило на социјалните мрежи со хаштаг во кој се повикува на нејзино апсење.

Ѓулсен - која претходно беше на удар на исламските кругови поради оскудната облека што ја носи за време на настапите и затоа што го истакнува ЛГБТК знамето на концертите - се извини за шегата што можеби навредила некои, но додаде дека целата приказна ја рашириле тие кои сакаат дополнителни поделби во земјата.

За време на испрашувањето во полиција, Ѓулсен ги отфрлила обвинувањата дека поттикнува омраза и фанатизам и рече дека има „бескрајна почит кон вредностите и чувствителноста на нејзината земја“, објави новинската агенција Anadolu.

Нејзиното барање да го чека судењето на слобода е одбиено.

Слушнете ја песната „Лолипоп“ на Ѓулсен:

YouTube video

Кемал Киличдароглу, лидерот на најголемата опозициска партија во Турција, ги повика судиите и обвинителите да ја ослободат Ѓулсен.

„Не ги предавајте законите и правдата; веднаш ослободете ја уметничката!“, напиша тој на Твитер.

Портпаролот на Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган се чини дека ја поддржува одлуката за апсење на пејачката бидејќи вели дека „омразата не е форма на уметност“.

„Целта на дел од општеството со обвинувања за „перверзија“ и обид за поларизација на Турција е злосторство од омраза и срам за човештвото“, напиша на Твитер портпаролот на АКП, Омер Челик.

Ердоган и многу членови на неговата исламска владејачка партија дипломирале на верски училишта првично основани за обука на имами. Бројот на верски училишта во Турција се зголемил за време на Ердоган, кој вети дека ќе подигне „побожна генерација“.

Меѓу оние кои повикуваат на ослободување на Ѓулсен е и турската поп ѕвезда Таркан, меѓународно познат по песната „Kiss Kiss“.

„Нашиот правен систем, кој замижува пред корупцијата, крадците, оние кои го кршат законот и ја масакрираат природата, оние кои убиваат животни и оние кои ја користат религијата за да го поларизираат општеството со нивните фанатични идеи - ја уапсија Ѓулсен“, порача Таркан во објавата на Твитер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 14. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер