Жестоки расправии на власта и опозицијата за истрагата за трагедијата во Кочани - Канал 5

Жестоки расправии на власта и опозицијата за истрагата за трагедијата во Кочани

Дали МВР постапувало по закон во Кочани, кој ќе одговара за пропустите, има ли политички жртви во истрагата по пожарот во дискотеката- овие прашања беа во фокусот на опозициските пратенички прашања. 

Жестоки расправии на власта и опозицијата за истрагата за трагедијата во Кочани

СДСМ бара одговори од министерот за внатрешни работи со оценка дека клучната улога во синџирот на надлежности била токму кај полицијата која според нив не одговорила соодветно. Тошковски потенцира- никогаш во минатото немало толку брза реакција како за овој случај.

Од ДУИ и на собраниската седница застанаа во одбрана на нивниот сопартиец Крешник Бектеши. Според нив се води селективна правда без да се почитува презумпција на невиност.

Левица пак сметаат дека премиерот ја попречувал правдата бидејќи јавно покажувал документи од истрагата. Мицкоски пак ги повика истражните органи да проверат како оваа опозициска партија купила деловен простор во центарот на Скопје по трипати пониска цена од реалната.

Ова беа први пратенички прашања по трагедијата во Кочани, наменети само за опозиционерите. Претходните кои требаше да се одржат минатиот четврток беа откажани бидејќи пратениците се договорија да не одржуваат седници две недели по несреќата.

YouTube video

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

 Американската глумица Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „Аутран“ (OutRun).

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ - од „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures). Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „Пет ноќи кај Фреди“ (Five Nights at Freddy's) којшто стигна до 290 милиони долари.

Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Платинум дјунс“ (Platinum Dunes). Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Соник: Супер Еж“ (Sonic the Hedgehog), исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Варајети“ (Variety).

По хоророт „Безгрешна“ (Immaculate), и трилер-авантурата „Еден“ (Eden) од 2004 година, Сиднеј Свини во мигов работи на шест нови проекти, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси.

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ја информираат јавноста дека дипломатско-конзуларното претставништво функционира со редовно работно време и е целосно на располагање за сите услуги и потреби на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

притисни ентер