Жешко и во Москва, Русите „се варат“ на 34 степени

Метеоролозите за денеска најавиле температура до 33 степени во Москва, а индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде како во екваторијалните региони.

Во московскиот регион температурата ќе биде до 34 Целзиусови степени, што е за 9-10 степени повисока од просечната температура за овој период од годината, пренесува РИА Новости.

Поради високата температура, повторно ќе се дистрибуира бесплатна вода во московското метро на станиците, објави одделот на градската управа надлежен за сообраќајот.

(Ново) ДИК: Силјановска Давкова 235.552, Пендаровски 111.703

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 51.60% од избирачките места, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 63,42% од гласовите или 235.552 гласови. Стево Пендаровски освоил 111.703 гласови или 30,07%.

Хаос на улиците на Париз: Се судрија навивачите на Борусија и ПСЖ, летаат факели (ВИДЕО)

Улиците на Париз синоќа не беа безбедно место поради судир на навивачи на Борусија Дортмунд, со навивачите на Пари Сен Жермен.

Екипите го одиграа својот натпревар синоќа, а екипата на Борусија се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со победа од 1:0, односно вкупни 2:0.

По ова следеа нереди на улиците, каде се судрија навивачи на едната и на другата страна.

На видеото подолу можете да видите како од двете страни летаат факели, огномети, прскалки и топовски истрели.

притисни ентер