Жерновски:Економијата и дипломатијата- рака под рака

Денеска и утре, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се одржува Конференција на Почесни конзули на Република Македонија, акредитирани во странство.

Конференцијата со Почесните конзули, со свое воведно излагање, ја отворија министетот за економија, Крешник Бектеши и заменикот министер за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски.

"Високо ја цениме вашата посветеност кон извршувањето на одговорните функции на почесни конзули, како и вашиот значаен придонес за заштитата на интересите на Република Македонија преку пружање помош на нејзините граѓани", беа зборовите кои ЗМНР Жерновски ги упати до почесните конзули на Конференцијата.

Во овие времиња, тежината на една земја на глобалната арена повеќе не се мери според нејзината географска големина, туку според нејзиниот капацитет и волја ефективно да придонесува во потрагата по решенија за растечкиот број на предизвици од транснационална природа, кои денес го оптоваруваат човештвото, беше истакнато во обраќањето.

Економијата прераснува во главниот двигател на политичките влијанија и затоа јас ја гледам економската дипломатија како еден пристап на промена во управувањето, со цел негување на поблиски односи со приватниот сектор, бизнис заедницата и разните невладини организации – како во нашата земја, така и во нашите земји партнери, нагласи заменикот министер. Во овој контекст, Жерновски посочи дека во остварувањето на оваа цела, потребни ни се мислењата и тимската работа со почесните конзули, со што би ги впрегнале пошироките аспекти на нашата дипломатска дејност за промоција на трговската размена, охрабрување на економскиот раст, привлекување на инвестиции и поддршка за бизнисите.

"Република Македонија е отворена за бизнис", истакна Жерновски, надополнувајќи дека од страна на почесните конзули очекува дипломатската економија да биде нивниот водечки принцип на работа и дека притоа да го промовираат нашето национално реноме на слободна пазарна економија ориентирана кон извозот.

По официјалниот дел на Конференцијата, Почесните конзули ќе имаат работна посета на Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Бунарџик, како и посета на градот Штип, Струмица и Кавадарци, со цел запознавање со проектите и капацитетите за инвестиции и соработка кои ги нудат овие градови.

Полска ја зајакнува границата кон Русија и Белорусија

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека почна осовременувањето и утврдувањето на источна граница со Белорусија и Русија, за што се наменети 2,3 милијарди евра.

- Тој план за одбрана и одвраќање го нарековме „Штит на Истокот“ … кој ќе нè брани од потенцијалните напади од исток, но пред сè ќе има за цел да го одврати непријателот. Системот на утврдувања, зајакнување, модернизирањето на 400 километри од границата со Русија и Белорусија ќе биде фактор на одвраќање, стратегија да се избрка војната од нашата граница, истакна Туск.

Тој најави дека следната недела ќе објави нови мерки за спречување провокации, саботажи и диверзии во рамките на хибридните напади од Русија и од Белорусија.

Зборуваме за потребата да се изгради силна држава, отпорна на саботажи и саботажи. Полска ќе биде отпорна држава и безмилосна до болка кон секој што ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја, наведе Туск. Претходната влада на конзервативната партија Право и правда на границата подигна ограда висока повеќе од пет метри за да ги запре мигрантите.

Полска без оглед кој е на власт тоа го третира како руски и белоруски хибриден напад и обид за префрлање на десетици илјади бегалци во Полска со цел да се дестабилизира земјата но и другите членки на Европска Унија./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

притисни ентер