3Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови
МакедонијаЖените се почесто бираат меѓу кариерата и мајчинствотоНеретко се случува жената да бира помеѓу тоа да се оствари како мајка или да ги оствари своите професионални желби.Неретко се случува жената да бира помеѓу тоа да се оствари како мајка или да ги оствари своите професионални желби па покрај законските можности од владата за подобрување на демографската состојба, потребно е тоа да го сторат и работодавците и да бидат отворени и флексибилни за потребите на семејствата – вели Афрофита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА во Македонија. Анкетите од таму покажуваат дека младите парови сакаат да имаат деца, но како пречка ги гледаат најчесто економските, но и глобалните и климатските состојби. - Покрај обврските работни на жените, на девојчињата, на мажите на работното место, да се стават и нивните лични потреби кои и те како влијаат на нивната продуктивност. Да не бидат жените казнети ако останат бремени, па да можат да ја изгубат работата или да не можат да се вратат и со тоа да ги изгубат можностите за развој на нивната кариера,- Афродита Шаља – Шеф на канцеларија на УНФПА во Македонија. За демографските прашања и предизвици Македонија нема повеќе време за чекање – дециден е заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Тој вели дека Владата активно работи на изготвување стратегија за подобрување на демографската состојба со конкретни активности и мерки, меѓу кои оперативниот план за вработување и намалување на листите на чекање во градинките, со оглед на тоа што за над 4500 деца во земјава нема место низ градинките. Сепак додава тој, потребно е вклучување на сите релеватни чинители за стратегијата да не остане само на хартија. -Сето тоа можеме да го направиме доколку имаат стабилни работни места, добри плати, сигурност во системот каде што живеат од судство и обвинителство, па се до тоа да дечињата на крајот од денот да имаат детски градинки, да нема дилема кој денеска детенцето ќе го чува и каде ќе биде во текот на денот додека они работат бидејки знаеме дека секој еден од нас работи и мажот и жената во семејството,- Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика, демографија и млади. Македонија е меѓу шесте земји со најголем пад на населението – покажуваат податоците на Евростат од 2022 година во која споредбено со 2012 земјата изгубила 227 илјади жители . Премиерот Мицкоски пак посочи дека само во изминатите четири години, Македонија изгубила 33 илјади жители. Тагови: жена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЈувентус се откажува од ангажманот на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус одлучи да не го ангажира аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, пренесе Фабрицио Романо. Италијанскиот великан процени дека цената што ја бара Астон Вила за 33-годишниот аргентински репрезентативец е превисока. Мартинез е дел од клубот од Бирмингем од 2020 година, неговите одлични настапи во Премиер-лигата му ја донесоа улогата на прв голман во националниот тим. Тој беше клучен играч во походот на Аргентина кон титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Инцидент на рели, светскиот шампион излета од патеката, со хеликоптер пренесен во болницаАктуелниот светски шампион во рели, Себастиен Ожие, доживеа сериозна несреќа на Релито во Финска, но кратко по неа потврди дека и тој и неговиот совозач Жилиен Инграсија се надвор од животна опасност.Французинот излета од патеката со голема брзина на претпоследниот саботен тест за брзина, додека водеше во генералниот пласман. Неговата Тојота се преврте неколку пати и заврши целосно уништена, но Ожие и Инграсија успеаја сами да излезат од автомобилот. Este ángulo del accidente de Ogier es brutal; el coche ya viene dando vueltas en el aire antes de impactar contra los árboles. Seb e Ingrassia están vivos gracias a DIOS y a la altísima seguridad de los coches de rally modernos. #rallyfinland 🇫🇮 pic.twitter.com/B2JdDO6Hux — Alonso, the Racer (@alonso_theracer) August 1, 2026 Како мерка на претпазливост, двајцата биле однесени со хеликоптер во болница, каде што им биле извршени детални прегледи. Заменик-шефот на тимот на Тојота, Јуха Канкунен, потврди дека двајцата возачи по инцидентот за среќа завршиле без сериозни повреди. „Стапивме во контакт со нив и разговаравме. Себ беше повеќе во шок, но немаше скршеници. Со хеликоптер беа пренесени во болница на прегледи, што е рутинска и исклучително важна процедура по ваква несреќа. Сè уште не знаеме дали причината за несреќата беше технички дефект или нешто друго“, изјави Канкунен за „Rally.tv“. Набргу потоа се огласи и самиот Ожие; им се заблагодари на сите за поддршката и истакна дека ќе остане во болница преку ноќ од претпазливост. „Најважно е што и двајцата сме добро. Се разбира, ова не беше исходот на кој се надевавме, особено по фантастичниот почеток на викендот. Сакам да му се заблагодарам на целиот тим на „Тојота“ за изработката на толку издржливи и безбедни автомобили, како и на Жилиен, кој веднаш го извести моето семејство дека сè е во ред.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисАлкараз за Ѓоковиќ: Тука нема простор за дебатаЗа еден од најдобрите светски тенисери во моментов, младиот Шпанец, Карлос Алкараз нема дилема: славниот Србин Новак Ѓоковиќ е без конкуренција кога станува збор за движењето на теренот и карактеристичниот стил на лизгање ...За еден од најдобрите светски тенисери во моментов, младиот Шпанец, Карлос Алкараз нема дилема: славниот Србин Новак Ѓоковиќ е без конкуренција кога станува збор за движењето на теренот и карактеристичниот стил на лизгање што стана негов заштитен знак. Младиот шпански ас јавно му оддаде признание на српскиот тениски ас, ставајќи го на самиот врв во оваа категорија. Оваа реакција беше поттикната од објава на официјалниот профил на АТП на Инстаграм, каде што од навивачите се бараше да го изберат играчот со најдобро движење на турнејата. Покрај Ѓоковиќ и Алкараз, меѓу кандидатите беа и Рафаел Надал и Енди Мареј. Меѓу илјадниците одговори од навивачите, посебно внимание привлече коментарот на шпанскиот тенисер; без двоумење, тој го даде својот глас за Ѓоковиќ. „Ѓоковиќ. Тука нема простор за дебата“, напиша шпанскиот тенисер. Српскиот тенисер го планира својот следен настап на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, кој ќе му послужи како последна подготовка за „Ју-Ес Опен“. Од друга страна, Шпанецот исто така се подготвува за остатокот од сезоната и се очекува да биде меѓу главните фаворити на последниот грен-слем турнир оваа година, покрај Ѓоковиќ и Јаник Синер.Тагови: Карлос Алкараз Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook