Бурни реакции откако милионер од Малта беше ослободен од обвиненијата дека го нарачал убиството на новинарката Галиција - Канал 5

Бурни реакции откако милионер од Малта беше ослободен од обвиненијата дека го нарачал убиството на новинарката Галиција

Владата на Малта повика на смиреност по ослободувањето на тајкунот обвинет за нарачување на убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година, со што се разоткрија даночните рајови на светската политичка елита. 

Бурни реакции откако милионер од Малта беше ослободен од обвиненијата дека го нарачал убиството на новинарката Галиција

Вчерашната пресуда го разбесни семејството на жртвата и предизвика критики од организацијата за слобода на медиумите „Репортери без граници“, која беше „згрозена“ од одлуката.

Премиерот Роберт Абела не коментираше директно за случајот, но неговата влада ја повика јавноста да покаже воздржаност. „Во овој чувствителен момент, владата апелира на претпазливост во јавните изјави што би можеле да предизвикаат повеќе штета отколку корист“, се вели во соопштението на владата „забележувајќи“ го исходот од судењето.

Каруана Галиција беше убиена на 53-годишна возраст во напад со автомобил-бомба пред нејзиниот дом во октомври 2017 година. Таа ги истражуваше таканаречените „Панамски документи“, протекување на документи од панамска адвокатска фирма што откри начини на кои светската елита крие пари во даночните рајови.

Убиството на Галиција предизвика политичка бура на Малта

Во документите беа споменати поранешни светски лидери како што се британскиот премиер Дејвид Камерон, украинскиот претседател Петро Порошенко, грузискиот премиер Бидзина Иванишвили, аргентинскиот претседател Маурисио Макри или лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Емиратите.

Убиството на Галиција предизвика политичка бура на Малта и го привлече меѓународното внимание врз полицијата и судството таму. Тројца мажи беа осудени за убиство, а двајца од нив беа осудени за набавка на бомба, пишува Ројтерс.

Но, бизнисменот Јорген Фенех, наследник на империја за недвижности со хотели и казина, вчера беше ослободен со одлука на поротата со 8-1. Фенех беше обвинет за соучество во убиство и криминален заговор за извршување убиство.

Обвинителите не можат да поднесат жалба на пресудата, освен во исклучителни правни околности, објавува Ројтерс. За време на судењето, кое траеше нешто помалку од два месеци, обвинителството тврдеше дека Фенех сакал Дафне Каруана Галиција да биде мртва затоа што имала намера да открие информации за него.

Синот на Дафне Каруана Галиција, Метју, на Фејсбук го изрази своето разочарување од „ужасната одлука на поротата“ од која Малта „можеби никогаш нема да се опорави“. „Тие имаа голема одговорност да ја задоволат правдата. Но, ги измија рацете од тоа“, напиша тој.

Опозициската Националистичка партија одржа „тивок протест“ пред канцеларијата на Абела во текот на ноќта. Лидерот на партијата Алекс Борг повика на вонредна седница на парламентот по темата на пресудата. „Сега знаеме дека атентатот врз Дафне Каруана Галиција бил планиран од таа зграда“, рече Борг, покажувајќи кон канцеларијата на премиерот.

Фенек ги негираше обвиненијата, а неговата одбрана го обвини неговиот поранешен близок пријател Кит Шембри, поранешен началник на кабинетот на тогашниот премиер Џозеф Мускат и честа цел на статии на блогот на Каруана Галиција, за убиството.

Мускат е член на Лабуристичката партија на Абела и поднесе оставка по убиството на новинарката. Полицијата му кажа на судот дека Шембри никогаш не бил осомничен и дека негира каква било улога во убиството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во Грција

Месарница во атинската населба Кифисија била цел на сајбер-напад, при што напаѓачите далечински ја презеле контролата врз системот за ладење.

Хакери повторно напаѓаат фрижидери – овојпат во Грција

Според извештаите на грчките медиуми, тие ја поставиле температурата во фрижидерите на 150 степени Целзиусови.

Сопственикот на месарницата, Јоргос Бумпас, изјави дека вработените го забележале проблемот рано наутро, при доаѓањето на работа. Првично, тие се посомневале во дефект на опремата и повикале сервисер. Сепак, по извршената проверка, сервисерот утврдил дека всушност станува збор за сајбер-напад. Сопственикот подоцна појасни дека фрижидерите всушност не достигнале 150 степени. Таа вредност била само поставена во системот, додека реалната температура се искачила на околу 17 степени, пренесува грчкиот информативен портал „Зугла“.

Преземена контрола врз системот

„Тие ги поставија фрижидерите на 150 степени Целзиусови. Не можевме да интервенираме рачно бидејќи немавме пристап до системот“, рече Бумпас. Тој додаде дека на сервисерот му биле потребни околу два часа за повторно да воспостави контрола.

Според сопственикот, сервисерот го информирал дека слични инциденти биле забележани и кај два други деловни објекти во околината. Бумпас напомена дека погодените објекти – вклучително и неговата месарница – ја користеле истата надворешна компанија за одржување и безбедност на нивните системи за ладење.

Тој посочи дека постарите уреди за ладење, кои користат конвенционални мотори, не биле погодени од нападот. Цел биле исклучиво поновите модели опремени со можност за поврзување на безжична мрежа. По инцидентот, месарницата ја исклучила својата Wi-Fi врска, а сервисерот добил задача да пронајде трајно решение за обезбедување на системот.

Слични напади веќе погодија продавници ширум Европа

Ова не е прв ваков случај. Во октомври, хакери презедоа контрола врз системите за ладење во стотици француски супермаркети, што доведе до расипување на големи количини храна. На почетокот на ноември, слични инциденти беа пријавени во Белгија, Луксембург, Шведска, Ирска, Холандија, Естонија и Финска. Во некои продавници, температурата била поставена дури на 50 степени. Современите системи за ладење често се поврзани со интернет, што овозможува нивно одржување и управување од далечина. Доколку хакерите ги искористат безбедносните пропусти, тие можат да ги променат поставките на уредите или да активираат функција за принудно одмрзнување, поради што уредите за ладење престануваат соодветно да ладат.

Во Франција беа откриени пропусти во софтверот што се користи за управување со опремата за ладење, при што некои од погодените уреди користеле застарени верзии на програмата. Сè уште не е познато дали нападот врз месарницата во Атина е поврзан со претходните инциденти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер