Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
2Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
ЗабаваЖената со најголеми образи на светот сака уште операции (ВИДЕО)Жена од Украина која тврди дека ги има најголемите образи на светот вели дека сака уште поголеми.Анастасија Покрешчук (30), украински модел на Инстаграм, сака дополнително да ги наполни образите, пренесува Daily Star. „Можеби мислите дека се премногу големи, но мислам дека се малку големи, морам наскоро повторно да ги освежам“, изјавила жената од Киев. View this post on Instagram Думаю пора делать больше скулы,маловаты уже😑 Шо думаешь?😂😂 @helgatsyrekidze фотограф суперстар❤️ A post shared by Анастасия👑 (@_just__queen_) on Aug 4, 2020 at 11:17am PDT Најпрво и била вбризгана хијалуронска киселина во образите пред четири години и оттогаш не запрела. „Откако ги видов промените во образите, се заљубив во нив“, рече таа. „Ги обожавам, сакам да изгледаат вака и многу сум среќна“, вели таа и додава дека разбира дека луѓето може да ја гледаат чудно, но и дека не и пречи. Бројни светски медиуми објавија за неа деновиве, а таа меѓу другото даде и интервју за една телевизија од Торонто. View this post on Instagram Шоб выглядеть ahuenno надо знать ahuennih людей ,гуру в своём деле😉❤️ ❤️ Шортыыыыы @kati_kolmakova моя кутюр😘😘 ❤️ Волосыыыы @seredaavram_ моя фея🤩😘 A post shared by Анастасия👑 (@_just__queen_) on Oct 11, 2020 at 6:27am PDT Покрешчук, која собра повеќе од 220.000 следбеници на Инстаграм, била подложена на козметички процедури на усните и на челото. Покрај тоа, открила дека честопати сама внесува полнила во лицето. View this post on Instagram A post shared by Анастасия👑 (@_just__queen_) on Oct 14, 2020 at 2:38am PDT Троловите ги игнорира. „Луѓето ми рекоа дека сум грда кучка и дека треба да се убијам, но јас само се смеам и го игнорирам тоа“, рече таа. View this post on Instagram Ботокс в мозг как вы просили 😁,самое мерзкое по ощущениям😖😖😖 @cosmetolog_dolga 🥰🥰🥰 A post shared by Анастасия👑 (@_just__queen_) on Aug 27, 2020 at 8:10am PDT За да ја заврши својата трансформација, таа сака да ги зголеми и градите. „Сакам да ги зголемам градите затоа што природата навистина не ме даруваше“, рече таа. View this post on Instagram Рыбки харе писать про ассиметрию😹 Это временные зубы🤪,мои новые ещё ваяют😃❤️🦷 ❤️ @plastikaistanbul 🥰 A post shared by Анастасия👑 (@_just__queen_) on Sep 11, 2020 at 12:49pm PDT View this post on Instagram Рыло пока не очень,новые равно есть что показать 😊😊😊 A post shared by Анастасия👑 (@_just__queen_) on Sep 20, 2020 at 5:14am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКОМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво. Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување. Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.Тагови: ГРЕКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook