Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа
1Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа
3ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади
ЖивотЖена во Австралија паднала од карпа при обид да направи селфиПолицијата по шест часовна акција го извлекла нејзиното безживотно тело.38 годишната Роси Лумба во моментот на несреќата со сопругот и детето била во Националниот парк Грампијанс во австралиската сојузна држава Викторија. Полицијата наведува дека Роси се прекачила преку безбедносната бариера и ги игнорирала предупредувањата по што паднала од карпа висока повеќе од 80 метри. Сведоците слушнале како вреска, но неможеле да и помогнат. Полицијата по шест часовна акција го извлекла нејзиното безживотно тело. По несреќата властите ја потсетиле јавноста да ги почитуваат безбедносните знаци и дека ниту една фотографија не е вредна колку еден човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата МицкоскиВчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал. Го објавивме и планот за рудниците - антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата. За нив провизија. За народот отров. Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија. Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Сите заедно против единствениот бастион на слободата - СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот. Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест. Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ. Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат. Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓаТалогот на СДС и Венко Филипче најдобро е да престанат да плачат во јавност. Ако продолжат да плачат очигледно им е јасно дека тонат во опозицискиот блок.Венко Филипче и талогот од СДС треба да прекинат со жалби дека ВМРО-ДПМНЕ му ја раситнува партијата. Филипче треба да се свести и да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви. Тоа што лица излегуваат од СДС и самостојно настапуваат, очигледно е дека внатре во самата партија што би се рекло народски, смрди. Затоа на Филипче и талогот да им е јасно, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, второ ВМРО-ДПМНЕ не сака, ниту има намера да се меша во нивните работи, времето се троши продуктивно на спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за младиВо општина Чешиново Облешево изминатава година се работи на подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање подобри можности за семејствата, младите и најмладите. Во делот на поддршката за семејствата, секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари, додека за секое првородено дете семејствата добија парична помош од 6.000 денари. Исто така, младите брачни парови се ослободуваат од комунални трошоци за изградба на дом. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вложува и во подобрување на локалната инфраструктура. Реконструирани се улиците „Сремска“, „Јоаким Крчовски“, крак на улицата „Први мај“ и „Осоговска“, а во завршна фаза се улиците „Маршал Тито“ и „Прохор Пчински“. Посебно внимание се посветува на најмладите и на создавањето подобри услови за нивниот развој. Во тек е проширувањето на детската градинка во с. Облешево, со цел зголемување на капацитетите. Изграден е и нов парк во Облешево со детски реквизити, а реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ Соколарци. Во насока на создавање почиста и поуредна животна средина, исчистени се диви депонии, а предвидена е и набавка на мулчер и нова компресорска цистерна. Општината формираше и Земјоделски совет, кој ќе работи на изнаоѓање конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците и ќе придонесе за подобра комуникација и поддршка на земјоделскиот сектор, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter