Жена се породи среде експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

Либанката Емануела се подготвувала секој момент  да се породи во болницата „Свети Џорџ“ во Бејрут , кога експлозијата го погоди главниот град на Либан.

Нејзиниот сопруг Едмонд го сними застрашувачкиот момент на камера. Нивниот син, Џорџ, пристигна набргу после трагичната експлозија , во која досега загинале 154 луѓе.

Мајката и бебето се во добра состојба , со оглед на состојбата во градот.

Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19

Уште две деца од струмичката градинка од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19, потврди директорот Васил Бубев.

-Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски, изјави директорот Бубев.

Додава дека според епидемиолозите се уште не може да се утврди точно како се заразиле двете деца и дека постојано се преземаат сите мерки за заштита согласно протоколите.

Единаесетте деца од оваа група и тројца вработени се во изолација.

Првиот случај на коронавирус во струмичката градинка беше регистриран пред два дена. Детето било во градинка само три дена од отворањето, а од понеделникот не доаѓало, а утврдено е дека вирусот го добило од член на семејството. /МИА

ЕУ има план за мигрантите преку солидарност меѓу сите земји –членки

Европската комесарја за внатрешни работи ,Илва Јохансон, која во среда ќе ја претстави долгоочекуваната реформа на политиката за азил, повика на „задолжителен механизам за солидарност“ меѓу сите земји на ЕУ во случај на миграциски притисок.

„Мора да биде задолжително, сите земји-членки мора да помогнат во ситуација кога една земја-членка е под притисок и кога има многу луѓе на кои им е потребна заштита“, изјави денеска шведската комесарка, пренесува АФП.

„Но, ние исто така треба да го разгледаме видот на помошта“, нагласи Јохансон, имајќи ја предвид постојаната неподготвеност на некои земји да примат мигранти и неуспехот на системот за привремена распределба со квоти, одлучен за време на миграциската криза во 2015 година.

„Не станува збор само за преселба во една земја на ЕУ, туку може да има и помош на репатрираните баратели на азил“, продолжи таа.

Комесарката одби да даде детали за „новиот договор за миграција и азил“ што ќе биде претставен на 23 септември, две недели по пожарот во преполнетиот логор Морија во Грција.

Таа призна дека „многу е тешка задача да се најде предлог што ќе биде прифатен од сите земји-членки и Европскиот парламент“.

„Претпоставувам дека мојот предлог, кога ќе го претставам, нема да биде добредојден“, рече таа, но додаде дека се надева „дека сите ќе разберат дека тоа е избалансиран компромис“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен им соопшти на европратениците во средата дека има намера „да ја укине Даблинската регулатива, клучна точка на политиката на ЕУ за азил што создава тензии, во корист на новиот европски систем за управување со миграцијата“.

Оваа регулатива ја доверува обработката на барањето за азил на првата земја на ЕУ во која пристигнува мигрантот, а земјите како што се Грција и Италија сметаат дека тоа е нефер поради нивната географска положба што ги става во прв план.

Илва Јохансон исто така истакна дека постапките за разгледување на апликациите треба да бидат „многу побрзи“.

На протестот во Москва уапсен е историчарот Валериј Соловеј,критичар на Кремљ (ВИДЕО)

Руската полиција го уапси историчарот и критичар на Кремљ, Валери Соловеј, откако прошета низ центарот на Москва со уште неколкумина демонстранти за да изрази солидарност со граѓаните кои протестираат во Хабаровск.

Видеото објавено на Интернет покажува како неколку полицајци со црни маски на лицето го грабнуваат Соловеј, носејќи го до службеното возило на плоштадот Пушкин, пренесува Ројтерс.

Историчарот Соловеј сега се наоѓа во полициска станица во центарот на Москва.

притисни ентер