Жена по една година успеа да му избега на киднапер, боса втрча во бензинска (ВИДЕО) - Канал 5

Жена по една година успеа да му избега на киднапер, боса втрча во бензинска (ВИДЕО)

Жена која пред една година била киднапирана од 57-годишен маж успеала да побегне заклучувајќи се на бензинска пумпа.

Жена по една година успеа да му избега на киднапер, боса втрча во бензинска (ВИДЕО)

Жената која била киднапирана пред речиси една година додека патувала низ земјата успеала да побегне од киднаперот во Њу Џерси.

Сопственикот на бензинска пумпа Боби Мадан изјавил дека една жена влетала во бензинската пумпа на 7 февруари и тој слушнал врисок и викање од неговата канцеларија. Истрчала во продавницата и ја заклучила вратата зад себе.

Мадан рече дека го видел човекот како трча по неа, но кога не успеал да влезе во заклучената бензинска пумпа, се свртел и заминал.

"Се потресе - плачеше. Ни кажа дека била киднапирана околу една година", изјави Мадан за CNN.

YouTube video

Жената, како што опиша, имала траги на вратот и била боса. Таа рече дека почнала да го планира своето бегство откако ја видела бравата на вратата на бензинската пумпа за време на претходната посета.

Џејмс В. Парило (57) е обвинет дека ја киднапирал жената која што ја запознал во Ново Мексико минатата година, патувајќи со неа во Њу Џерси и ја нападнал во куќата каде што изнајмиле соба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седуммина загинати во пад на туристички хеликоптер во Кенија

Сите седум лица загинаа кога туристички хеликоптер денеска се урна на планината Ололокве во Кенија, потврдија локалните власти.

Седуммина загинати во пад на туристички хеликоптер во Кенија

Несреќата се случила околу 9:13 часот по локално време додека хеликоптерот летал од резерватот Лоисаба кон реката Евасо Ниро, пишува Euronews.

Кениската управа за цивилно воздухопловство објави дека станува збор за моделот Eurocopter EC130 B4. На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа густ црн чад од местото на несреќата во подножјето на планината.

Потврдени се седум жртви

„Во хеликоптерот имало седум лица – пилотот и шест патници“, изјави Фредрик Кабунге, директор на Одделот за истрага на воздухопловни несреќи, за АФП. Тој потврди дека хеликоптерот превезувал туристи на панорамски лет и дека никој не преживеал.

Тешка акција на теренот

Црвениот крст на Кенија објави на платформата X дека нивните тимови за одговор при итни случаи се на терен во округот Самбуру. Тие во моментов работат со други агенции за пристап до местото на несреќата.

„Потрагата и извлекувањето е во тек, но акцијата е отежната поради непристапниот терен и пожарот на местото на несреќата“, се вели во подоцнежното соопштение на Црвениот крст. Тие додадоа дека дополнителен тим бил испратен од Исиоло ​​за да помогне во операцијата.

Информациите се уште се собираат, а нови детали ќе бидат објавени подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави средба со Ким Џонг-ун: Многу добро се согласувам со него (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“.

Трамп најави средба со Ким Џонг-ун: Многу добро се согласувам со него (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“, што укажува на продолжување на директната дипломатија со Пјонгјанг, објави Фокс њуз.

Американскиот лидер направи ненајавена обиколка на Белата куќа и го откри планот пред новинарите.

„Се сложувам многу добро со него. Очекував да се сретнам со него подоцна оваа година. Да, ќе се сретнам“, рече Трамп.

Трамп не сакаше да каже дали разменил писма со Ким Џонг-ун.

„Не можам да ви кажам тоа“, кратко рече Трамп.

Американскиот претседател постојано го истакнуваше својот личен однос со севернокорејскиот лидер како предност, нарекувајќи го Ким „многу моќен играч“ и велејќи дека можноста за поттикнување квалитетни односи е „добра работа, а не лоша работа“.

Трамп не го прецизираше датумот или локацијата на можната средба, а овие лидери последен пат се сретнаа на 30 јуни 2019 година. Сепак, пред војната во Украина и Израел, најавената средба потенцијално би можела да биде од историско значење за целата планета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени, дожд и грмежи за викендот

И утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

И утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени, дожд и грмежи за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

20 Попова Шапка, 27 Крушево, 30 Претор, Маврови Анови, 31 Берово, 32 Охрид, Прилеп, 33 Крива Паланка, Битола, Виница, 34 Тетово, 35 Штип, Кавадарци, 36 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Велес, 38 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Денеска преовладуваше сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево со мала облачност која до крајот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер