Жена очајнички бара помош- снимен е моментот кога ја киднапираат среде бел ден (Вознемирувачко видео) - Канал 5

Жена очајнички бара помош- снимен е моментот кога ја киднапираат среде бел ден (Вознемирувачко видео)

Неименувана жена од Флорида храбро се борела со напаѓач кој се обидел насилно да ја внесе во неговиот пикап откако наводно ја ограбил.

Жена очајнички бара помош- снимен е моментот кога ја киднапираат среде бел ден (Вознемирувачко видео)

Стравната борба била снимена на новообјавените снимки од надзорни камери и ја шокирала локалната јавност.

Очајно бара помош

Драмата се одвивала на 29 јуни, околу 15:30 часот, пред продавница во Сент Августин.

Снимката го прикажува моментот кога осомничениот киднапер, Теодор Мајкл Тандидор (31), ја дави жената што вреска и ја влече кон својот камионет.

Жртвата, чиј идентитет не е објавен, очајно бара помош додека напаѓачот ја влече кон возилото, и во еден момент успева да се ослободи и да избега, објавува Њујорк пост.

Уапсен по потера

Според канцеларијата на шерифот, минувач го видел обидот за киднапирање, ѝ пришол на помош на жената и се јавил на 911, додека напаѓачот избегал.

Властите подоцна го забележале како „несовесно“ го вози пикапот на А1А, а Тандидор бил уапсен по потерата.

Властите соопштија дека тој претходно ограбил продавница и ја натерал жената да излезе на паркингот. Тој е обвинет за киднапирање, грабеж и кражба на моторно возило.

YouTube video

„Таа направи сè како што треба“

„Жртвата во оваа ситуација направи сè како што треба, врескаше, се бореше, привлече внимание“, соопшти полицијата.

Според инструкторите во програмата „Жени против насилни средби“, потенцијалните жртви секогаш треба да бидат свесни за својата околина, да знаат каде е нивната „опасна зона“ каде што странците можат да претставуваат закана и да им веруваат на своите инстинкти и искуство.

„Ставот, менталната подготвеност и решителноста се клучеви за успех“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услуги

Исплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени, уверуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услуги

Реакцијата оттаму доаѓа по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија во кој утврди слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Ревизијата утврди и дека приходите од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година се зголемиле за 14 отсто но тоа не било доволно за полривање на расходите за пензии кои и понатаму бележат раст. Од ПИОМ велат и дека предмет на ревизија е 2024 година кога со фондот раководел кадар на претходната влада.

Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување. Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот.

Околу стабилноста на вториот пензиски столб денеска реагираше и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Повикувајќи се на изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека корисниците на овој столб нема да бидат задоволни, Филипче тврди дека е оправдана загриженоста кај пензионерите.

Околу прашањатра поврзани со обврските и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб, од ПИОМ истакнуваат и дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции

Правда, култура, спорт, односи меѓу заедниците ги презема Вреди, ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство, социјална политика, евроинтеграции и вицепремиерското место за добро владеење, а земјоделство ќе оди кај ЗНАМ.

Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции

Ова неофицијално е досега договорено меѓу премиерот и коалиционите партнери за владина реконструкција. Извори на Канал 5 брифираат дека најверојатно владиниот тим ќе го напушти вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министрите Цветан Трипуновски, Игор Филков, Борко Ристовски, Зоран Љутков и Фатмир Лимани.

Информациите засега никој не ги потврдува ниту демантира, но начелно постигнале согласност за рокада на овие ресори. Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, сите опции се на маса и треба да се согледаат грешките, но уверува дека односите во коалицијата се на највисоко ниво.

„ Сега во моментов разговараме само за министерските позиции, сите опции се отворени бидејќи треба да се слушнат сугестиите на владините партнери, но секако да се согладаат и сондажите на граѓаните колку тие се задоволни од реализација на проектите на одредени ресори. Ние не разговараме само за местата на ЗНАМ, туку за сите места во владата и реализацијата на владината програма во две години.“ - Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ

Неофицијално, конечна одлука за распределбата на ресорите ќе има вечерва, откако премиерот Мицкоски ќе се сретне со Димитриевски за да го прецизираат договорот, а потоа се очекува внатрепартиски да решаваат за новите имиња. Целиот процес на реконструкција во владата се најавува дека ќе заврши многу брзо, а според премиерот списокот до Собрание ќе биде доставен најдоцна до први јули. Тој потенцираше дека промената во кадрите нема да запре со министрите, туку следни се директорите кои во првите две години од мандатот на оваа влада не ги исполниле своите ветувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР

Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР

Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството.

Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка.

Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата.

Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се:

• Подобрување на одредбите за конфискација;

• Дигитализација на кривичната постапка;

• Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки;

• Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија;

• Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство;

• Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика.

Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер