Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
1Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотЖена која боледува од рак со штотуку родениот син – слика која објаснува што значи да се биде мајка (фото)„Душата ме боли што работите не се одвиваа онака како што сакавме, но во исто време сум и благодарна за сите убави моменти кои ги имавме“.Со овие зборови ја почнува својата исповест мајката, чии фотографии од штотуку роденото бебе трогнаа илјадници срца. Две потресни фотографии на кои Сара Витни, која боледува од рак на дојка, го дои своето штотуку родено бебе, станаа вирални во текот на пролетта оваа година, а оваа мајка дури сега отворено проговори за тешкиот пат кој го поминала борејќи се против ракот за време на бременоста. "I don't want to sleep because all I want to do is treasure every moment he is at the breast." Posted by Gentle Birth Options, LLC on Thursday, 23 April 2015 На оваа Американка од Флорида, ракот и бил дијагностициран во 20 недела од бременоста. Додека го чекала Кал Ел (инаку вистинското име на Супермен, кое во превод значи „сила или глас на Бога), своето трето дете, отстранети и се дојките и поминала низ прв круг на хемотерапија. Најголемата желба и била да дои, но бидејќи после породувањето морала да замине на вториот круг на терапија, детето било доено само две недели. Во тој период настанале потресните фотографии, кои ги направила фотографката Кејти Мареј. На нив може да се види мајката целата облеана во солци, со лузни наместо гради и без коса, како во прегратка го држи својот новороден син. Неколку месеци подоцна, Витни проговори за тоа што значеле за неа реакциите на илјадници луѓе кои беа потресени од овие фотографии. „Ми беше јасно што тие фотографии значат за мене и мојата фамилија, но не можев да разберам зошто толку се потресоа луѓе кои не не познаваат. Мислам дека во фотографиите го препознаа тоа настојување кое е заедничко за сите нас, а тоа дека за среќата на своите деца ќе направиме се што е во наша моќ“ – изјави Витни. Макотрпната борба против тешката болест за Витни била поголем удар од фактот дека пати од депресија. Сепак, најголема снага таа пронаоѓа во мајчинството и само благодарејќи на љубовта успева да им одолее на тешките предизвици. Master Sgt. Michael Whitney, 16th Electronic Warfare Squadron maintenance flight chief, and his wife, Sarah, watch their... Posted by Team Eglin on Wednesday, 20 May 2015 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина и САД разговараа за царините и трговијатаКина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни. „Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението. Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави. Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter