Жаба тешка 2.7 килограми најдена во Австралија - Канал 5

Жаба тешка 2.7 килограми најдена во Австралија

Огромна крастава жаба е пронајдена во прашума во северна Австралија.

Жаба тешка 2.7 килограми најдена во Австралија

Жабата била дотолку голема што оние кои ја нашле помислиле дека е лажна. Жабата тежи 2,7 килограми што е за шест пати повеќе од просечната тежина на една жаба.

Таа по наоѓањето веднаш била преместена во посебен контејнер и отстранета од дивината. Ваквите жаби немаат природно потекло од Австралија. Жабата по пронаоѓањето е еутанизирана, според практиката и законот за штетници во Австралија. Таа во следниов период ќе биде донирана во музејот „Квинсленд“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.

Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски

Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол.

- Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство.

Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските компании се соочуваат со недостиг на квалификувани работници

Речиси една од четири германски компании се соочува со недостиг на квалификувани работници, според анкетата на Институтот за економски истражувања Ифо. 

Германските компании се соочуваат со недостиг на квалификувани работници

Според анкетата, 23,2 проценти од компаниите во Германија пријавиле недостиг на квалификувани работници во јули, во споредба со 21,1 процент во април. Сепак, овој удел е далеку под долгорочниот просек од 31,7 проценти.

„Слабата економија моментално ја ограничува побарувачката за квалификувани работници“, рече Дарија Шалер од Институтот Ифо, додавајќи дека со закрепнувањето на економијата, недостигот на квалификувани работници би можел повторно значително да се зголеми. Во телекомуникацискиот сектор, уделот на компаниите што се соочуваат со недостиг на квалификувани работници речиси се удвои, од 16,3 проценти во април на 31,1 процент во јули.

Во консалтинг и ревизија, уделот на компаниите што пријавуваат недостиг од квалификувани работници се зголеми од 52,4 на 64,7 проценти, додека во производството достигна 18,7 проценти, или 4,5 процентни поени повеќе отколку во април.

Бројот на признати квалификации стекнати во Сирија се зголеми за 42 проценти

„Поголем број невработени лица не значи автоматски поголем број на достапни квалификувани работници, бидејќи нивните квалификации мора да одговараат на барањата на слободните работни места“, забележа Шалер. Германските власти признаа 86.600 странски професионални квалификации минатата година, што е речиси десет проценти повеќе од претходната година, објави Федералниот завод за статистика.

Сепак, растот се забави во споредба со 2024 и 2023 година, кога бројот на признати квалификации се зголеми за 21 и 25 проценти, соодветно. Здравствените професии беа предводници во бројот на признати квалификации. Одобрени се 32.000 апликации за признавање квалификации за медицински сестри и техничари, 13.900 за лекари и 4.600 за инженери. Овие три групи сочинуваат 58 проценти од сите признати квалификации.

Според земјата на потекло, најголем број признати квалификации доаѓаат од Турција, со 9.800, или 11 проценти од вкупниот број. Потоа следуваат Украина со околу 8.300, Сирија со 6.100 и Индија и Тунис со по 5.400 признати квалификации. Бројот на признати квалификации добиени во Сирија се зголеми за 42 проценти. Германија е сè повеќе зависна од странци во голем број сектори поради опаѓачката стапка на наталитет и брзото стареење на населението.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хрватска пејачка воодушеви во бикини

Хрватската пејачка Жанамари Перчиќ привлече внимание со нова серија фотографии што ги сподели на својот профил на Инстаграм.

Фото: Хрватска пејачка воодушеви во бикини

Сега, атрактивната Жанамари позира на плажа, облечена во бикини со животински дезен.

На една од фотографиите, пејачката лежи во плитките води, додека во позадина се гледа морето.

Таа ја сподели објавата во соработка со фотографот Марк Мајлс, а за само неколку часа собра повеќе од 2.000 допаѓања и бројни коментари од своите следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер