Зголемен број на дезинформации за вакцинацијата на социјалните мрежи - Канал 5

Зголемен број на дезинформации за вакцинацијата на социјалните мрежи

По американскиот претседател Бајден, и главниот советник во Белата куќа за ковид-19 Ентони Фаучи упати жестоки критики кон дел од американските медиуми и социјалните мрежи за ширење лажни вести за вакцините и корона вирусот. 

Зголемен број на дезинформации за вакцинацијата на социјалните мрежи

Според Фаучи, со сегашните дезинформации во Америка и светот никогаш не би било возможно искоренувањето на сипаниците и детската парализа.

-Доколку го погледнете историскиот успех во искоренувањето на сипаницитеи елиминирањето на детска парализа низ светот и сме на пат целосно да ја искорениме, ако имавме отпор кон вакцините како што гледаме на одредени медиуми, мислам дека немаше да биде возможно, не само да ги искорениме сипаниците, туку најверојатно се уште ќе имавме сипаници и детска парализа во земјава, ако имавме ваков вид на дезинформации кои се шират сега, изјави Фаучи.

Претседателот на САД, Џо Бајден претходно предупреди дека со дезинформациите на социјалните мрежи за Ковид-19 големите оператори сносат одговорност за смртта на многу луѓе, а корона кризата во Америка, според Бајден, се претвори во „пандемија на невакцинирани“.

Ситуацијата со лажните вести за ковид-19 не е ништо подобра ниту во Македонија. Дезинформациите во текот на пандемијата придонесоа меѓудругото луѓето да не носат маски, а врз нивна основа сега многумина решаваат да не се вакцинираат.

На социјалните мрежи често мета на напади покрај здравствените работници и власти се и новинарите кои известуваат за потребата од вакцинација и заштита од корона вирусот. „ 2 месеци ништо као нема ни корона, ни ништо и одеднаш почнуваат платени новинари да лажат, да плашат народ со таа измислена корона, се е лага“, „ Да бе ти ќе ми кажеш дали да се вакцинирам, што е не ви се трошат вакцините и ај сеа корона, ваков сој, таков сој и тоа на 45 степени, лага до лага“... се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Според комуникологот Бојан Кордалов факт е дека лажните вести на социјалните мрежи можат да одземат животи или да ја зголемат недовербата во вакцините, но за успешна борба против дезинформациите здравствените власти и во Македонија и во светот мора да зборуваат во еден глас и да научат како да ги пренесат вистинските пораки до граѓаните.

-Во оваа фаза е потребно да се пуштат напред комуникациски луѓето којшто искусиле борба со болести, па тие да ни ги пренесат своите искуства. Бидејќи кога се соочувате со група на луѓе кои веруваат во нешто различно од тоа што вие целите да го постигнете, тогаш најдобро е да направите, за други луѓе да ја пренесат таа тема, т.н. сведоштва. Во таква ситуација ќе можеме да зборуваме за луѓе рамни со луѓе. Бидејќи многу често и самите доктори, колку и да вршат позиитивна работа, говорат јазик којшто е многу потешко разбирлив и којшто е научен. Тие својот дел од работата го завршуваат, но во комбинација со луѓе коишто ќе ги пренесат своите искуства мислам дека може да се постигне многу посериозен ефект, вели за Канал 5, Кордалов.

Кордалов заклучува дека социјалните медиуми треба да преземат одговорност за непроверените информации, но најголемата одговорност според него покрај здравствените власти на национално и светско ниво, ја имаат граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, објави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

Денес, во големата сала на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот д.р Стојанчо Рамов, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби одржаа средба со жителите на населените места Радња, Бунарче, Гарниково, Драгожел, Рожден, Клиново, Бојанчиште, Мајден, Фариш, Ќесендре, Горна Бошава, Долна Бошава и Крњево.

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието.

Преку непосредна комуникација и отворен разговор, граѓаните имаа можност да ги изнесат своите барања и идеи, а претставниците на Општината да ги слушнат нивните предлози и да разговараат за можностите за нивно решавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае.

Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход.

Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот.

Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига.

Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман.

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен.

Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра.

Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба.

За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Земјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“.

„Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио.

Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер