Веб ТВЗевзекманија- Ракија од кантарионFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРСБСП: Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓетоВо периодот од 16 до 22 септември, РСБСП ја одбележува Европската недела на мобилност, кампања која поттикнува промена на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.Градовите денес се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет на живот. Затоа Европската недела на мобилност потсетува дека секое патување не мора да започне со автомобил. Пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавниот превоз не се само алтернатива – тие се инвестиција во почиста животна средина, поздрави граѓани и побезбедни улици. Секој ден кога ќе го оставиме автомобилот дома и ќе избереме да пешачиме, да возиме велосипед, да користиме јавен превоз или друг алтернативен превоз придонесуваме за намалување на загадувањето, ослободување на урбаниот простор и создавање похумани градови по мерка на човекот. Но, одржливата мобилност е и прашање на безбедност. Улиците треба да бидат места каде децата безбедно ќе одат на училиште, каде постарите лица ќе можат без страв да се движат, а велосипедистите и пешаците ќе бидат рамноправни и почитувани учесници во сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува граѓаните во текот на Европската недела на мобилност да направат мал, но значаен чекор кон одржливи навики на движење. Оставете го автомобилот кога тоа е можно. ✅ Пешачете до блиската дестинација. ✅ Изберете велосипед.✅ Користете јавен превоз. ✅ Споделете превоз со други лица. Малите промени во секојдневното однесување носат големи придобивки за сите – почист воздух, поуредени градови, помал метеж и поголема безбедност во сообраќајот. Да создадеме градови во кои приоритет ќе бидат луѓето, а не автомобилите. #СекојЖивотЕВажен РСБСП – Мобилност за сите. Безбедност за секого. #ЕвропскаНеделаНаМобилност #МобилностЗаСите #СекојЖивотЕВажен #РСБСП #ОдржливаМобилност #БезбедностВоСообраќајот #ПешачиПовеќе #ВозиВелосипед #КористиЈавенПревоз #ПомалкуАвтомобилиПовеќеЖивотКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигрантиПред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“. Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата. На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата. 👉 Vinicius, Mbappé y Konaté no enseñan el mensaje de ánimo a Ceuta. 👉 Ambos futbolistas se colocaron mal la camiseta sin que se vea el 'Todos somos Caballas'. https://t.co/XkrhUDS8XQ — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 15, 2026 На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“. Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос. Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив. Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите. Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците. Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери. Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“. This was the moment Vinicius told Mbappé how to put on the t-shirt supporting Ceuta in such a way that the text “We are all Ceuta” wouldn’t be visible Vinicius, Mbappé & Konaté made it clear tonight that they don’t support Spain. They support the invaders https://t.co/QmE0rQXJsj — Visegrád 24 (@visegrad24) September 15, 2026 Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на МекаВоздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека. Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.Тагови: дрон Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter