Земјоделците загрижени за ниските откупни цени на лебното жито - Канал 5

Земјоделците загрижени за ниските откупни цени на лебното жито

Пред стартот на жетвата на пченицата земјделците загрижени.

Земјоделците загрижени за ниските откупни цени на лебното жито

Нема интерес кај мелничарите за откуп а онаму каде е најавено дека ќе се преземат одредени колични цената е на ниво од 10 до 11 денари за килограм. Оваа цена спред нив е далеку од трошоците кои тие ги имаат направено бидејќи есента за време на сеидбата дизелот беше со цена над 100 денари за литар и ѓубривата беа по 3000 денари за вреќа.

На барање националната земјоделска мрежа -Земјоделскиот институт од Скопје изработи производни цени кои за пченицата изнесуваат 19 денари. Со оглед на тоа дека откупната цена е 11 денари сметаат дека се исполнети законските одредби за интервентен откуп од страна на државата. Законот за земјдоелство предвидува кога откупните цени се под производните државата да изврши интервентен откуп за стокови резерви со цени од најмалку 25% над пресметаните производни цени и со тоа да се заштити домашното производството на житните култури, кои и според закон се стратешки култури од суштинско значење за државата и граѓаните. Од Министерството за земјоделство пак став дека по иницијативата на подсекторската група за жито преку Интервентната програма ќе се креира нова мерка со која се предвидува поддршка за пченицата, преку дополнителни 3 денари за продаден килограм пченица кај регистриани откупувачи во период до 31 август 2023 година. МЗШВ заедно со подсекторската група за жито, до Агенцијата за стокови резерви ќе упати барање планирананата јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови од по 3.000 тони, давајќи предност на домашните количини пченица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Руски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. 

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер