Земјоделците од Кочанско бараат да им се исплатат средствата од интервентната мерка за предаден ориз

Производителите на ориз од кочанскиот регион претпладнево излегоа на двочасовен протест и со земјоделска механизација во селото Облешево ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат Кочани – Штип.

На тој начин, како што рекоа, го изразуваат незадоволството што ресорното Министерство се уште не им ги исплатило парите од интервентната мерка за предадена оризова арпа.

– Се чувствуваме изманипулирани од државата, затоа што минатата година ни беше ветено дека до 30 мај годинава ќе добиеме по пет денари од килограм арпа, како дополнителна поддршка за ниските откупни цени. До денеска немаме добиено ниту денар, а новата жетва е на прагот. Брзавме да го предадеме оризот за да го запазиме рокот, а останавме и без пари и без ориз. Некои од земјоделците немаа средства да си купат ѓубре и заштитни препарати за овогодишната производна сезона. Затоа, бараме во текот на наредната недела да ни бидат исплатени парите од интервентната мерка, истакна Здравко Арсов, земјоделец од селото Облешево.

Производителтие на ориз нагласија дека денешниот протест е предупредувачки и ако не ги добијат парите, ќе следуваат поризгорозни мерки за искажување на незадоволството.

– Подготвени сме да ги блокираме и двете ленти од патот, затоа порачуваме дека е потребна брза реакција од Владата. Со оглед што наскоро ќе почне жетвата на оризот од новата реколта, очекуваме и покачување на откупните цени, односно 25 денари за килограм арпа и 50 денари за белиот ориз. Не бараме ништо повеќе од она што ни беше ветено, истакна Драгољуб Гаврилов, земјоделец од Чешиново.

Претставници на земјоделските здруженија од Кочанско неодамна имаа средба во Министерството за земјоделство, при што една од главните точки на кои се разговарало е и исплатата на интервентната поддршка. Изразија надеж дека парите ќе ги добијат навреме за да можат да се подготват за новите жетвени активности./МИА

Гилад Ердан: Израел е разочаран од одлуката на САД да ја прекине испораката на муниција

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан денеска изјави дека неговата влада е разочарана од прекинот на испораката на американски бомби во Израел.

„Тоа е многу разочарувачка одлука, дури и фрустрирачка“, изјави амбасадорот Ердан за вестите на Канал 12, додавајќи дека тој не мисли дека одлуката укажува на поширок прекин на американската помош за Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Ердан истакна дека таа одлука произлегува од политичкиот притисок од Конгресот врз администрацијата на претседателот Бајден, од протестите во универзитетските кампуси низ САД и од претстојните претседателски избори во САД.

Неверојатна и досега невидена заплена на кокаин вреден 800 милиони евра (ВИДЕО)

Италијанската полиција заплени рекордна количина кокаин скриен во керамички банани.

Според италијанските медиуми, дрогата вредна 800 милиони евра е запленета во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија.

Дури 2.700 килограми кокаин биле скриени во керамички банани, а дрогата пристигнала од Јужна Америка.

Изворот кој ги открил деталите за оваа операција за медиумите изјавил дека имагинацијата на шверцерите нема граници, додавајќи дека регионот каде што е извршена заплената е под контрола на озлогласената Ндрангета.

На видеото кое е објавено се гледаат полицајци како со чекани кршат керамички банани и од нив вадат дрога.

Како што е објаснето, дрогата спакувана на овој начин е отпорна на конвенционалните скенери, па затоа е многу тешко да се открие.

притисни ентер