Земјоделците бараат гарантирана минимална откупна заштитна цена за модрата слива - Канал 5

Земјоделците бараат гарантирана минимална откупна заштитна цена за модрата слива

Денеска во село Тработивиште се одржа трибина со земјоделците од неколку околни села на која се дискутираше за актуелните состојби пред есенската сеидба и штотуку завршената работа околу бербата на модра слива.

Земјоделците бараат гарантирана минимална откупна заштитна цена за модрата слива

Во организација на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството – Подрачна единица Делчево, а во присуство на претставници на АД „Водостопанство” на РМ – Подружница Берово, денеска во село Тработивиште се одржа трибина со земјоделците од неколку околни села на која се дискутираше за актуелните состојби пред есенската сеидба и штотуку завршената работа околу бербата на модра слива.

На средбата, како што информираше, Неџбедин Мемедов, раководител на ПЕ Делчево, присутните земјоделци ги запознале со подготовките околу есенската обработка на почвата.

-При тоа беше промовирана мала брошура во која од стручен аспект се претставени начините на обработка на почвата, како плиткото летно и длабокото есенско орање и слично. Сметаме дека ова за земјоделците е мошне важно, бидејќи од обработката во голема мера зависи како понатаму почвата ќе влијае на посевите, вели Мемедов.

Во однос на бербата на модрата слива, дополни дека е донесен заклучок со кој се бара

итна интервенција од државата.

-Заклучокот е дека државата треба да се заложи за гарантирање минимална откупна заштитна цена. Сето тоа со цел да можат овоштарите да го планираат понатамошното производство на слива, како култура, која што понатаму би била одржлива и доходовна за овоштарите, дополни Мемедов.

Меѓу другото, земјоделците изразија задоволство од наводнувањето за 2019 година, но од претставниците на АД ,,Водостопанство” на РМ – Подружница Берово побараа, за идната година да бидат исчистени навреме каналите за наводнување и да биде обезбедено доволно вода за наводнување, со цел навремено да ги подготват своите земјоделски површини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во 2020 година, спротивно од извештаите на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги декласификуваше разузнавачките информации, според него, кои покажаа кинеско мешање во изборите во САД.

Трамп ја обвини Кина за мешање во изборите во 2020 година, спротивно од извештаите на ЦИА

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги декласификуваше разузнавачките информации, според него, кои покажаа кинеско мешање во изборите во САД, и покрај проценката на американските разузнавачки служби во која не беа пронајдени докази дека Пекинг бил вмешан во изборите во 2020 година, кои Трамп ги загуби.

Во својот 25-минутен говор, Трамп ги нагласи своите напори безбедноста на изборите да стане централно политичко прашање пред среднорочните избори во ноември, кога републиканците ќе го бранат своето мнозинство во Конгресот и ќе се соочат со можноста да ја изгубат контролата врз еден или двата дома.

Трамп врши притисок врз своите колеги републиканци во Конгресот да донесат закон со кој ќе се воведат нови барања за лична карта и државјанство на гласачите, и покрај долгогодишните наоди дека измамата на гласачите на изборите во САД е ретка.

Претседателот рече дека декласификува чувствителни информации што покажуваат дека Кина нелегално добила 220 милиони американски записи од гласачи, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користеле за регистрација за гласање. Тој тврдеше дека членовите на американската разузнавачка заедница намерно ги потиснале информациите за обемот на кинеските активности.

Неговите тврдења се спротивставуваат на некласифицираната проценка од 2021 година од страна на американската разузнавачка заедница, која не пронајде индикации дека некој странски актер се обидел или успеал да измени „било кој технички аспект“ на гласањето на претседателските избори во 2020 година, вклучувајќи ја регистрацијата на гласачи, гласачките ливчиња, сумирањето или резултатите.

Проценката ја спроведе Џон Ратклиф, тогашен директор на националното разузнавање на Трамп, а сега директор на ЦИА.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град

Силно невреме со обилен дожд синоќа  ја погоди Битола, каде улиците беа  поплавени низ целиот град,.

Силно невреме со обилен дожд синоќа  ја погоди Битола, каде улиците беа  поплавени низ целиот град

Најкритично беше во центарот на Битола, каде дел од раскрсниците се претворија во езера во кои беше опасно да се движи и со автомобил.Проблеми направи и големото количество вода кое се слеваше во пониските делови на градот, каде има поплавени дворови и подруми велат од центарот за управување со кризи.

Поплавени беа улиците Прилепска, Ѓорче Петров, Партизанска , Крсте Нале, Коста Абрашевиќ, Даме Груев , Црвена Вода, Чеде Филиповски – Даме и Мирче Ацев сите повици се добиени преку е-112 .

Надлежните работат на испумпување на водата од шахтите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло време

По вчерашниот дожд во попладневните часови, денеска повторно не очекува сончево и топло време. Попладне повторно наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Сончево и топло време

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево со јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

За време на викендот ќе биде особено топло кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер