"Невидената пандемија на коронавирус е моќен потсетник за нашата меѓусебна поврзаност и ранливост. Овој вирус не почитува граници. Борбата против пандемија бара транспарентен, силен и добро координиран одговор, базиран на наука и во дух на солидарноста. Ние сме многу посветени да покажеме обединување против оваа невообичаена закана" се наведува во официјалното соопштение.
Во Г-20 членуваат Аргентина, Бразил, Кина, Германија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Канада, Франција, Индија, Австралија, Мексико, Јужна Кореја, Русија, Турција, САД, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Велика Британија и Европската унија.