Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
2Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање
3ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
СветЗеленски: Зборовите на Путин се лага, моите се непријатна вистина Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, и покрај неговите затегнати односи со американскиот претседател Доналд Трамп, тој верува дека Белата куќа е сè уште повеќе вознемирена од рускиот претседател Владимир Путин отколку од него.„Можеби кажувам непријатни работи, но ја зборувам вистината. И го кажувам она што го мислам. И тој (Владимир Путин) понекогаш може да каже многу убави работи, но тоа се лаги. И мислам дека за интелигентните луѓе, оние што лажат се загрижувачки“, изјави украинскиот претседател пред група новинари во Киев. „Може да биде многу непријатно во партнерство, но сепак сте партнери. Мислам дека проблемот со Путин е што ако мислите дека сте во дијалог, всушност сте сами“, додаде Зеленски. „Тие сфатија дека Путин не ја завршил својата инвазија на Украина“ Зеленски верува дека претседателот Трамп и неговата администрација - кои бараа брз крај на непријателствата - сега сфатија дека Путин не сака да ја заврши својата тотална инвазија на Украина на начинот на кој Белата куќа сака. Иако Трамп продолжи да го критикува Зеленски, вчера го предупреди Путин дека „си игра со оган“ додека Кремљ продолжува да ја бомбардира Украина со рекорден број беспилотни летала. „Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека ако не бев јас, многу лоши работи веќе ќе ѝ се случеа на Русија, мислам НАВИСТИНА ЛОШО. Си игра со оган!“ Трамп напиша на социјалната мрежа Truth Social. Дополнителни санкции против Русија Зеленски - кој имаше судир со Трамп во Овалната соба на крајот на февруари - сè уште сака САД да воведат дополнителни санкции врз Русија, бидејќи само зголемениот притисок може да ја натера Москва да размислува за мир, изјави тој пред собраните новинари. Иако ЕУ одобри 17-ти пакет санкции откако Русија ја отфрли понудата на Украина за 30-дневен прекин на огнот, САД оттогаш не воведоа нови казнени мерки. Но, по состанокот со Трамп во Ватикан на крајот на април, украинскиот претседател се увери дека Белата куќа ќе воведе санкции врз Русија доколку Путин одбие да се согласи на прекин на огнот. Зеленски ја повтори својата подготвеност за дијалог со Русите „во кој било формат“, вклучително и директни разговори со Путин или со посредство на Трамп. Сепак, тие би претпочитале Американците да бидат присутни на преговорите за прекин на огнот, а Европејците на разговорите за повоените безбедносни гаранции, бидејќи тие ќе ги обезбедат тие гаранции. Белорусија како можно место за разговори Зеленски рече дека е подготвен да разговара „скоро насекаде во цивилизираниот свет“. Иако Русија ја предложи Белорусија како можно место за разговори, Зеленски го нарече „несериозен“ предлог, со оглед на поддршката на таа земја за руската инвазија. Тој ги гледа Турција, Швајцарија и Ватикан како најверојатни локации за разговори. До летото 2026 година, руската економија ќе ги почувствува ефектите од санкциите, а военото производство ќе почне да опаѓа, рече Зеленски, изразувајќи надеж дека војната ќе заврши до јуни 2026 година. Сепак, завршувањето на војната бара политичка волја од Русија. На почетокот на мај, Москва ја отфрли понудата на Украина да ги прекине сите непријателства 30 дена и драматично ги засили нападите со беспилотни летала и ракети во последните недели. Доколку светот престане да врши притисок врз Русија, едноставно ќе ги продолжи своите воени напори, рече Зеленски. Засега, руските сили се подготвуваат за голема нова офанзива, предупреди Зеленски, и собраа повеќе од 50.000 војници по границата на североисточниот украински регион Суми. Вчера, специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека Киев им дал на САД список на услови за мировен договор со Русија. Москва е работи на свој мировен меморандум, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, и наскоро ќе ја објави следната рунда разговори со Украина.Тагови: Владимир Путин зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб со врвна уметничка вечерПреполна сала, голем интерес за изложбата за Мајка Тереза и овации за Лазаревски и Стојчески.Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, подготвена од НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, и концертот камерното дуо Александар Стојчески (виола) и Владимир Лазаревски (обоа), со специјалното гостување на реномираната пијанистка Нина Костова. На почетокот на настанот се обратија амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, Н. Е. Драган Ѓурчевски, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорката на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Соња Кузмановска. Меѓу присутните беа бројни љубители на уметноста и културата, високи претставници на државни и локални институции во Загреб, членови на дипломатскиот кор, сестри на милосрдието, претставници на верските заедници и други гости. Разновидниот состав на публиката и големиот одѕив уште еднаш го потврдија значењето на културните настани како простор за дијалог, меѓусебно запознавање и продлабочување на македонско-хрватските културни врски. Посебно внимание привлече изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка Тереза и Загреб“, реализирана од Националната установа „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ од Скопје. Преку четириесетина внимателно одбрани архивски фотографии и документи, поставката претстави значајни моменти од животниот пат на Мајка Тереза, ставајќи посебен акцент на нејзината поврзаност со Загреб. Со спојот на традиционалната музејска презентација и современите дигитални можности, изложбата им овозможи на посетителите да се запознаат со помалку познати детали од животот на големата хуманитарка. Авторка на изложбата е вишата кустоска Цветанка Вучковска Митовска. Загреб зазема посебно место во животната приказна на Мајка Тереза. Токму од овој град, во 1928 година, младата Агнес Гонџа Бојаџиу го продолжила својот пат кон Ирска, каде што го започнала својот монашки живот. Особено е интересно што токму во Загреб е направен и нејзиниот последен фотографски портрет како Гонџа, пред да тргне по патот што ќе ја одведе во Индија и ќе ја направи една од најпрепознатливите хуманитарки во светот. Силен уметнички впечаток остави и концертот на камерното дуо Александар Стојчески и Владимир Лазаревски. Нивната виртуозност, музичка зрелост и впечатлива интерпретација на програмата беа наградени со долготрајни аплаузи и овации од публиката. Концертната вечер доби дополнителна уметничка димензија со настапот на реномираната пијанистка Нина Костова. Со исклучителниот прием на изложбата и концертот, оваа културна вечер прерасна во настан што ги надмина рамките на вообичаената уметничка презентација. Обединети во една целина, изложбата и музичкиот настап воспоставија посебен дијалог меѓу културното наследство, уметничкото изразување и универзалните човечки вредности. Во центарот на таа средба се најдоа хуманоста, љубовта и солидарноста – вредности што не познаваат национални и јазични граници и што на оваа вечер ѝ дадоа пошироко, трајно значење. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, поддржан од Министерството за култура и туризам, а неговата успешна реализација е уште една потврда за посветеноста и професионалниот ангажман на македонскиот КИЦ во Загреб во промоцијата и афирмацијата на македонското културно творештво. Со внимателно осмислени програми и содржини со високи уметнички вредности, македонскиот КИЦ во Загреб ја претставува македонската култура пред хрватската јавност, истовремено создавајќи нови можности за културна соработка и поврзување. Ваквите настани ја потврдуваат значајната улога на културната дипломатија во поттикнувањето на меѓусебното зближување и разбирање, преку уметноста, заедничките вредности и непосредната комуникација.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНеуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирањеЗемјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега. Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.Тагови: COP31 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook