Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен
2Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновен
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
СветПутин со пет услови за завршување на војната во УкраинаПретседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови, објави „Киев индепендент“, повикувајќи се на Ројтерс.Тројца руски неименувани извори тврдат дека условите на Путин се: - Ветување дека НАТО нема да се шири на исток; - Украина да биде неутрална држава; - Укинување на дел од западните санкции; - Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти; - Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина. Условот НАТО да не се шири кон исток значи Украина, Грузија, Молдавија и другите поранешни република на Советски Сојуз да не бидат членки на Алијансата. Еден од неименуваните извори посочи дека Кремљ верува оти Русија може да ја продолжи војната со години без огледа на санкциите и економскиот притисок на Западот. Според вториот неименуван извор Путин се помалку е подготвен на компромис за територијалните прашања односно останува на ставот дека Русија има право на четири региони во источна Украина. Ниту Кремљ, ниту Киев се уште не ги коментитрале условите на Путин. Тагови: Владимир Путин русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во посета на Москва, од Кремљ молк Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, денес беше во Москва, според CBS и Axios, но ниту Вашингтон ниту Москва сè уште не го потврдија патувањето.Причината за патувањето, кое би била првата позната посета на Џон Ратклиф на Русија откако ја презеде функцијата во 2025 година, сè уште не е позната. Лет од Рига до Москва Американски воен авион полета од Латвија во вторник наутро во правец на московскиот аеродром Внуково, според веб-страницата за следење на летови Flightradar24. Авионот првпат полета во недела од воздухопловната база Ендрус, која се наоѓа во близина на Вашингтон и се користи за патување на високи функционери, до Рига, главниот град на Латвија. Истиот авион го напушти рускиот главен град рано навечер во вторник. Кремљ не ја потврдува средбата Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кога беше прашан за време на неговиот дневен брифинг, рече дека нема „таква информација“. Претходно, покрај тоа, тој рече дека за оваа недела не е закажан состанок во Кремљ со претставници на американската администрација. Можни теми за разговор Бројни теми би можеле да го објаснат ова ретко патување на највисокиот функционер на американската служба за надворешно разузнавање: конфликтот во Украина, оној со Иран - во време кога Вашингтон се обидува да ги придобие странските сили за својата стратегија за економски притисок врз Техеран - или размена на затвореници, истакнува агенцијата АФП. Русија и САД веќе имале вакви контакти во минатото. Вашингтон сè уште бара враќање на неколку Американци притворени на руска почва. Застој во мировните преговори Претседателот Доналд Трамп, кој еднаш вети дека ќе го заврши конфликтот во Украина во рок од 24 часа, сакаше да постигне брз мировен договор, но денес преговорите се во ќорсокак. Според „Фајненшл тајмс“, САД добиле гаранции од Украина дека нивните беспилотни летала нема да ја нападнат Москва или неколку други области на почетокот на неделата за да дозволат патување на висок американски функционер. Украинските сили неодамна ги засилија своите напади врз руска територија, понекогаш многу далеку од фронтовските линии, како одговор на офанзивата што ја започна Русија во февруари 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори, 14 луѓе загинаа, не може никој да не е виновенЉупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче. ,,Ако вие имате случај во којшто изгорел еден објект, којшто бил набавен и платен од државата. Ако во тој објект изгореле 14 наши сограѓани, јас никогаш нема да се помирам со фактот дека тој случај може да биде затворен, уште помалку да се извиниме на некој којшто тогаш бил власт и директно одговорен за набавката на таа модуларна болница“, вели Пренџов. Тој нагласи дека не може да се очекува јавноста да се помири со тоа што нема утврдена одговорност. Пренџов посочи дека и самиот не може да се помири со тоа што случајот е затворен, токму во пресрет на заминувањето на Абази од функцијата и истакна дека очекува неговиот наследник повторно да го разгледа предметот. ,,Мојот светоглед не дозволува да ако Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, којшто го затвора овој случај, му завршува мандатот за месец два, оваа есен, да се помириме дека тоа е нормално, дека тоа така треба да биде и дека тие 14 луѓе, загинале од ништо и за тоа никој не бил виновен. Нема да се помириме, се надевам дека следниот којшто ќе си го изберат меѓу себе обвинителите, главен обвинител за организиран криминал и корупција, ќе го отвори овој случај уште еднаш, и ќе ни каже дали навистина е тоа така. Ако вие сте држава, ако вие набавите некој објект, тој објект се запали и во него загинат луѓе, не може никој да не е виновен за ништо“, заклучи Пренџов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМерц се закани по обидот за напад со дрон во Лајпциг: Ќе платат за тоа Федералната влада наскоро ќе објави кој стои зад обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц.Федералната влада наскоро ќе објави кој стои зад обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц, предупредувајќи дека одговорните „ќе платат за тоа“. Обидот за напад на 4 август покажува дека Германија е сè повеќе цел на хибридни закани, додаде канцеларот, според „Зидојче цајтунг“. Мерц: Напаѓачите станаа немилосрдни Канцеларот Фридрих Мерц изјави во вторник, пред состанокот на кабинетот во Нојхарденберг, дека владата наскоро ќе ги презентира своите наоди за обидот за напад со беспилотни летала во Лајпциг. „Тие ќе платат за тоа“, рече Мерц, но додаде дека Нојхарденберг не е местото каде што треба да се откриваат детали од истрагата. Според него, инцидентот во Лајпциг покажува дека хибридните напади врз Германија стануваат сè почести. „Напаѓачите станаа целосно немилосрдни и свесно ризикуваат голема материјална штета, па дури и повреди или смртни случаи“, рече Мерц. Тој истакна дека федералната влада се подготвува за вакви закани, првенствено со основање на Центарот за беспилотни летала во Магдебург. Тој го наведе одвраќањето како друга мерка. „Германија испраќа јасна порака – оние што стојат зад хибридните напади ќе сносат сериозни последици“, рече тој. Во Лајпциг, беспилотно летало со експлозив беше насочено кон украински товарен авион. Според информациите собрани од Зидојче Цајтунг, НДР и ВДР, безбедносните служби веруваат дека напаѓачите користеле вкупно три дронови. Поради германската помош за Украина, Русија е осомничена дека стои зад нападот. Повици за прекин на „флотата во сенка“ По новиот бран хибридни напади, водечките германски политичари бараат построг одговор на Москва. Себастијан Фидлер (СПД) изјави за Зидојче Цајтунг дека е време Путин да ги почувствува вистинските последици. „Тоа вклучува конечно запирање на неговата „флота во сенка“ што работи покрај нашите брегови“, рече Фидлер.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook