Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници - Канал 5

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интербју за француската телевизџија „Франс 2“ изјави дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале 55.000 украински војници.

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници

- Во Украина, официјалниот број на војници убиени на бојното поле, без разлика дали се редовни или мобилизирани, е 55.000, истакна Зеленски.

Тој додаде дека има голем број луѓе кои Украина ги смета за исчезнати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Торнадо уништи аеродром- тешко се оштетени терминалот и пистата, има повредени (ВИДЕО)

Аеродромот Чапеко во бразилската држава Санта Катарина е затворен на неодредено време откако торнадо го погоди подрачјето.

Торнадо уништи аеродром- тешко се оштетени терминалот и пистата, има повредени (ВИДЕО)

Концесионерот Вое Ксап ги суспендираше сите полетувања и слетувања поради сериозни оштетувања на терминалот и пистата. Новите снимки од воздух ја покажуваат големината на штетата, објавува CNN Brasil.

Внатрешната структура на патничкиот терминал се урна под налетите на ветер, а оштетени се и хангари и главната зграда. Пожарникарите ги расчистуваат урнатините. Снимките од дрон ги покажуваат уништените покриви на неколку згради, од кои една паднала врз мал авион.

Вое Ксап им рекол на патниците да не доаѓаат на аеродромот.

„Техничките тимови се на терен, вршат детална проверка на инфраструктурата и преземаат сите потребни мерки за нормализирање на сообраќајот што е можно поскоро“, се вели во официјалното соопштение.

Полетувањето е прекинато во последен момент

Летот 4274 на Азул се подготвувал за полетување токму во моментот кога торнадото го погодило подрачјето. Пилотот и копилотот морале да ја прекинат постапката за полетување.

Моментот кога бурата помина беше снимен во видео споделено со CNN Brazil од Порталот Чапеко. Видеото го прикажува авионот на пистата непосредно пред ненадејната промена на времето. Видливоста брзо се намалува, а во позадина се слуша гласен шум.

Во комуникација со контролната кула, екипажот пријавил дека ја прекинуваат операцијата:

„Ние сме на пистата, не можеме ништо да видиме. [...] Стоиме, авионот многу се тресе, се движи... [...] Застанавме на пистата, авионот се движи, не можеме... радио... [...] Чекаме да се смири, а потоа можеме да се вратиме на местото за полетување. [...] Ќе се вратиме на влезот на местото за полетување [...] Ќе процениме дали можеме да влеземе.“

Две торнада и обемни штети во Санта Катарина

Цивилната заштита на државата Санта Катарина потврди дека две торнада се формирале за време на силната бура на западот од земјата, едното во Чапеко, а другото во Санксереј.

Бразилската држава се бори со обилни дождови, силни ветрови и град од неделата. Невремето досега погоди 58 општини, оштетувајќи 1.438 домови. Четири општини прогласија вонредна состојба.

Метеоролошката станица на Секретаријатот за заштита и цивилна заштита (SDC/SC) регистрираше налети на ветер од 93 километри на час. Станица на Националниот метеоролошки институт (INMET) во друг дел од градот измери налети на ветер до 126 километри на час. До 19 часот беа регистрирани 200 интервенции поврзани со невремето.

Вкупно 24 лица беа повредени, а 47.000 луѓе ги почувствуваа последиците од невремето. Оштетени се 86 училишта и 20 здравствени установи.

Еден смртен случај е потврден во градот Рио Негрињо, каде што се урна бензинска пумпа. Според противпожарната служба, повеќе од 200 пожарникари низ целата држава работат на санирање на штетите.

Дождот ќе продолжи да паѓа на северот од државата од раните утрински часови во четврток, а се очекува времето да се смири попладне.

Се очекува нов студен фронт да пристигне во петок навечер, што би можело да донесе повеќе бури. Нестабилното време би можело да продолжи и во текот на викендот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Зборот е збор - градиме две нови средни училишта во Скопјe

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта.

Ѓорѓиевски: Зборот е збор - градиме две нови средни училишта во Скопјe

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Двете училишта ќе бидат изградени со финансиски средства на Град Скопје.

- Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго наставниците пренесуваа знаење во простории што не одговараат на потребите на современото образование. Ниту едно дете не треба да ја гради својата иднина во услови што му го одземаат достоинството. Нашите ученици заслужуваат училишта во кои ќе влегуваат со радост, ќе учат со мотивација и ќе ги развиваат своите способности. Затоа, преземаме обврска да изградиме целосно нови училишта, достојни за нашите деца и за нивните наставници. Ова го ветив во мојата предизборна програма. За неполна година од мојот мандат, со обезбедувањето средства го правиме клучниот чекор кон исполнување на дадениот збор. Да изградиш училиште значи да им дадеш простор на илјадници соништа. Да создадеш услови во кои знаењето ќе расте, талентот ќе се развива, а секое дете ќе има можност да го покаже најдоброто од себе. Во тие училници ќе се образоваат генерациите што утре ќе го градат и унапредуваат нашиот град. Досега вложивме многу во образованието, во опрема, во подобри услови за учениците и наставниците и во поддршка за младите. Ќе продолжиме да вложуваме, затоа што влогот во младите е влог во иднината на Скопје – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека по најдобриот прв и втор квартал, Град Скопје го реализираше и најуспешниот трет квартал во својата историја.

- За само една година ги намаливме непродуктивните расходи и работевме на подобра наплата на приходите. Резултатот е конкретен - заклучно со 30 септември 2026 година, реализиравме рекордни капитални инвестиции во висина од 1,1 милијарда денари. Споредено со истиот период од првите години од мандатите на претходните градоначалници, реализацијата е повисока за 67,56% во однос на 2018 година и за 35,27% во однос на 2022 година. И во последниот квартал продолжуваме со работа и внимателно следење на динамиката на реализација на проектите. Овој ребаланс е потврда дека со јасни приоритети и финансиска дисциплина се создава простор за поголеми инвестиции. Ги намалуваме расходите, а ги зголемуваме средствата за капитални проекти и субвенции за граѓаните. Заштедите ги насочуваме таму каде што се најпотребни - во нови училишта, подобра инфраструктура и директна поддршка за скопјани. Токму одговорното управување со градските финансии ни овозможува да преземаме вакви големи чекори. За мене, секој денар од градскиот буџет носи одговорност кон луѓето што ни ја дале довербата. Секое исполнето ветување е причина да работиме уште посилно. А секое ново училиште е трајно дело што ќе им служи на генерации – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до сите советници кои гласаа за ребалансот на буџетот, но и до оние кои не гласаа за поддршка на младите и градот, соопштуваат од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

На средбата со Ирена Андраси (Хрватска), Јоанис Враилас (Грција), Балинт Одор (Унгарија), Винченцо Челесте (Италија), Јурај Ноциар (Словачка) и Владимир Бертл (Чешка), таа им се заблагодари за поддршката.

Таа нагласи дека и покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на нашето законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес.

Како дополнителна потврда за тоа, таа го посочи забрзаното спроведување на Реформската агенда, наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија.

Сиљановска-Давкова изрази очекување дека интензивирањето на македонскиот пристапен процес и интеграцијата на регионот ќе биде приоритет на претстојните претседателства со Советот на Европската Унија, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, како пријатели на Западен Балкан, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер